Македонија
Градоначалниците на Дебар и Струга дадоа поддршка за патот „Арбери“
Градоначалниците на Дебар Ружди Лата и Струга Рамиз Мерко вчера во албанскиот град Пешкопеја на средбата со премиерот на Албанија Еди Рама доадоа подршка за изградбата на патот ,,Арбери,, кој почнува од Тирана а завршува во близина на албанско – македонската граница кај Дебар. На средбата дебарскиот градоначалник Ружди Лата истакнал дека изградбата на овој пат е од историско значење и за развојот на Дебар.
Градоначалниците на Дебар и Струга имаа и свое обраќање на митингот на премиерот Еди Рама на кој е промовирано продолжувањето на градежните работи на патот Арбери по цели осум години. Лата и Мерко истакнаа дека овој пат, кој од 180 километри од Тирана до границата со Македонија кај Дебар, ќе изнесува само 69 километри ќе го поттикне развојот и на Дебар. И двајцата искажаа голема подршка за изградбата на патот Арбери.
Инаку албанскиот премиер Рама кој имаше и кратка средба со градоначалниците на Дебар и Струга, во својот говор рече дека Проектот во висина на над 240 милиони евра е од историско значење за развојот на источниот дел на Албанија.
Пред извесно време на средбите на преставници на Владите на Македонија и Албанија е разговарано да има и продолежние на овој патен правец и од границата на Македонија кај Дебар кон другите градови во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

