Свет
Потона траект со 80 патници во Индонезија
На езеро на индонезискиот остров Суматра потонал траект со околу 80 патници, а засега е потврдено дека загинало едно лице, а 18 се спасени. Портпаролот на службата за вонредни ситуации изјавил дека траектот потонал поради лошите временски услови околу 17.30 ќасот по локално време.
Акцијата за спасување на езерото Тоба, со површина од 1.145 километри квадратни и натаму трае. Се работи за многу популарно туристичко место.
Вакви трагедии се чести во Индонезија, архипелаг од над 17.000 острови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Привремениот либански премиер Микати: На Либан му треба итен прекин на огнот
Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, денеска изјави дека на неговата земја и е потребен итен прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на организацијата Хезболах и најави дека околу 1,2 милиони луѓе се раселени поради израелските напади.
„Запрете ги борбите. Не ни треба повеќе крв. Не ни треба повеќе уништување“, рече Микати на онлајн конференција организирана од Американската работна група за Либан, непрофитна организација со седиште во САД, пренесува Ројтерс.
Тој нагласи дека „итно е потребно прекин на огнот“.
Свет
Бајден: Не поддржувам напади врз иранските нуклеарни постројки како одговор на нападот
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека не поддржува напади врз иранските нуклеарни постројки како одговор на ракетниот напад врз Израел.
„Ќе разговараме со Израелците за тоа што ќе направат, но сите седуммина (земјите од Г7) се согласуваме дека имаат право да одговорат, но тие треба да одговорат пропорционално“, им рече Бајден на новинарите, пренесе Ројтерс.
Бајден одговори дека ќе бидат воведени нови санкции кон Иран и додаде дека наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Очигледно е дека Иран отстапи далеку од курсот“, нагласи тој.
Иран вчера лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, потег што Бајден претходно го опиша како „неефикасен“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.
Некои аналитичари наведуваат дека одговорот на Израел овој пат веројатно ќе биде поостар, што укажува на тоа дека Израел би можел да ги таргетира иранските нуклеарни или нафтени постројки, пренесува Танјуг.
Свет
Претставникот на Израел во ОН: Итно да се воведат санкции кон Иран поради неговиот ладнокрвен напад врз Израел
Претставникот на Израел во ОН Дени Данон побара денеска на итната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на кризата на Блискиот Исток, веднаш да се воведат санкции кон Иран поради, како што наведе, ладнокрвнниот ракетен напад врз Израел.
„Ова е напад врз милиони израелски цивили. Тоа се жени и деца, муслимани, христијани, Евреи, луѓе од сите вери. Во овој невиден чин на агресија, Иран истрела речиси 200 балистички проектили“, рече Данон, ОН, соопшти Советот за безбедност.
Тој изјави дека милиони луѓе се во засолништа и посочи дека нападот на Иран е обид да се нападне срцето на израелското општество и дека на мета биле најсветите места – џамиите, црквите и синагогите.