Свет
(Видео) Бурни реакции на социјалните мрежи: Американските служби во кафези ги чуваат децата на мигрантите
Американскиот истражувачки медиум „Пропублика“ објави снимка која со брзина на светлината се прошири на интернет.
Имено, во САД со денови се шират информации за присилната разделба на децата на илегалните имигранти од своите родители. Неодамна се појави снимка од деца затворени во простор ограден со жичена ограда во Тексас, а „Пропублика“ сега објави и аудиоснимки од децата на возраст меѓу 4 и 10 години, кои плачат и викаат по своите родители и роднини.
Колку за потсетување, поради политиката нулта толеранција, со цел да се спречи нелегалната имиграција, во период од шест недели, во текот на април и мај, 2.000 деца биле одвоени од своите родители. Против ваквата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се побунија неговата сопруга Меланија, но и Лора Буш, сопругата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот.
На снимката објавена од „Проублика“ може да се слушне плачот на децата затворени во жичен кафез во еден од камповите на границата меѓу САД и Мексико, каде што пограничните служби ги држат децата одвоени од своите родители илегални мигранти.
Source: Šokantne snimke iz Amerike: Djeca odvojena od roditelja plaču u kavezima by indexpromocija
На снимката може да се чуе плачењето на децата, но и пограничниот службеник, кој, коментирајќи го плачот на децата одвоени од родителите, вели: „Овде имаме вистински оркестар. Недостига само диригент“.
Во исто време беа објавени и видеа од деца затворени во жичени кафези во големиот пограничен центар во областа Мекален во Тексас.
Снимките од расплаканите и затворени деца со огромна брзина се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бурни реакции од сите оние што сметаат дека станува збор за екстремно нехумани политики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.