Македонија
Жерновски на средба со коизвестителите за Македонија на Комитетот за мониторинг на ПССЕ

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, оствари средба со коизвестителите за Република Македонија на Комитетот за мониторинг на ПССЕ, Лисе Кристоферсен (Норвешка СОЦ) и Валериј Гилетчи (Молдавија, ЕНП), кои во рамките на редовните активности на својот мандат се во посета на Македонија.
Жерновски информира за актуелните политички состојби во Македонија и реформските процеси во земјата. На интерес на коизвестителите тој ги претстави моментните актуелности и идните чекори поврзани по потпишувањето на конечниот договор за надминување на разликата за прашањето на името со Грција.
Кристоферсен и Гилетчи поставија прашања за идните преземања во реформите во Македонија. Во тој контекст Жерновски информира дека по успешното имплементирање на акцискиот план 3-6-9, Владата го донесе новиот план 18, кој претставувавa продолжение на реформската агенда кој се базира на наодите во последниот извештај за напредокот на ЕК. Посебно се задржа на областите на: реформите во судството, активностите што се планираат за подобрување на слободата на медиумите и правото на слобода на изразување, реформите на администрацијата, преземањата во поглед на реформите на полицијата и механизмите за надворешна контрола на нејзината работа и други.
Жерновски го повтори задоволството од вкупната соработката со Советот на Европа и определеноста на Владата за целосно имплементирање на обврските на нашата држава за исполнувањето на стандардите на Советот на Европа во однос на владеењето на правото, демократијата и човековите права, кои се од клучно значење и интерес на граѓаните на земјата, но за побрзото интегрирање Република Македонија во европските и евро-атлантските институиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )
Македонија
МОН: Платите во училиштата од овој месец се зголемени за седум проценти и ќе продолжат да растат

Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7% и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал, соопшти Министерството за образование и наука.
Реакција на МОН како што велат е поттикната од лагите кои денеска ги изнесе политичката партија Левица, за наводно енормно зголемување на платите на директорите на основните и средните училишта, споредбено со зголемувањето на платите на наставниот кадар.
„Платите на директорите и наставниците се зголемени во просек од околу 2500 до 3500 денари, во зависност од звањето, стажот и степенот на образование“.
Потсетуваат дека веќе е направен план за долгорочен раст на личните примања кои во период од 4 години ќе пораснат најмалку за 46% а најмногу до 60%, зависно од степенот на инфлација.
„Левица оспорува договор помеѓу социјални партнери, односно институција и синдикат и изразува непочитување кон нив, како и кон целата јавност со обидите за манипулација и собирање политички поени“, истакнуваат од МОН.