Македонија
Делегација на ПССЕ на средба со Дескоска за реформите во судството
Министерката за правда Рената Дескоска оствари средба со делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалогот со земјава, предводена од ко-известувачите Лиза Кристоферсен и Валериу Гилечи. На средбата се дискутираше за реформските приоритети на Владата и Министерството за правда – реформите во судството, како и за унапредувањето на човековите права, демократијата и владеење на правото.
„Реформите што ги спроведуваме во Министерството за правда, се реформи за бенефитот на граѓаните. Добрата законска основа е гаранција за независноста и непристрастноста на судството“, рече Дескоска. Таа порача дека сите решенија и реформи ќе бидат предмет на широка јавна дебата, која ќе биде спроведена во консултација со компетентни лица од областа на судството и обвинителството, експертската јавност, Венецијанската комисија, граѓанскиот сектор и политичките партии, додавајќи дека таа посакува долгорочни решенија за доброто на граѓаните и државата за што очекува консензус и политичка волја во Собранието.
Дескоска истакна дека очекува поддршка во спроведувањето на реформите, а претставниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа ја изразија својата поддршка за евро-интеграциските процеси на Република Македонија и спроведувањето на реформите во делот на правосудството. Дескоска и ко-известувачите Кристоферсен и Гилечи од ПССЕ дискутираа околу измените во Законот за судови, Кривичниот законик, како и за измените во Изборниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

