Македонија
Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила владата на ВМРО-ДПМНЕ, експремиерот Никола Груевски вели дека најдобар демант за тоа што Заев го кажува бил факторот време. Според Груевски, се гледа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ разговарале за надминување на разликите за името водени од Резулуцијата на ООН, но не ги промениле името и идентитетот додека биле на власт. Експремиерот тврди дека примената на Уставот ќе влијае на идентитетот.
„Надвор од памет било да се прифати ерга омнес, што значи и промена на името во Уставот со име Северна или Горна или каква било Македонија. Па, уште и сум се откажал од идентитетот. Само името на автопатот ги изнервирало Грците и затоа ја пропуштиле таа можност. Ваков договор, со вакви елементи во него, со вакви отстапки во членовите на договорот, не сум ни можел да прифатам бидејќи некои од прифатените работи не се ни барале од другата страна“, пишува Груевски на социјалните мрежи.
Според него, потпишувањето на договорот е национална катастрофа, а Владата предводена од СДСМ сака да ја дефокусира јавноста со тврдењата дека договорот бил прифатен од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еве само еден пример. Според договорот на Заев, татко ми, кој е роден во Леринско, 15-ина километри од денешната границата, е дел од историјата за која Грција доби ексклузивно право со договорот и има право својот идентитет, меѓу другото, да го влече и од тој дел на историјата, а јас негов син, кој сум роден од другата страна на границата, немам такво право. И така е и со илјадници други Македонци, не само со оние што имаат потекло од тој дел на Македонија туку и со тие од овој дел на Македонија“, додава Груевски.
Експремиерот и поранешен лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има многу нелогичности во договорот со Грција.
Претходно, премиерот Зоран Заев изјави дека Никола Груевски во 2012 и 2013 година прифатил преименување на државата во Северна или Горна Македонија, без да биде дефиниран идентитетот, односно без Грција да го прифати јазикот. Но, тогаш, како што изјави Заев, Грција не го прифатила решението бидејќи била провоцирана од проектот „Скопје 2014“, но и преименувањето на аеродромот и автопатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудиа Плаколм, која престојува во работна посета на нашата земја.
Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија.
Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката определба за членство во Унијата, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на реформите, унапредувањето на регионалната соработка, добрососедските односи и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот.
На средбата беше потврдена и континуираната поддршка на Австрија за проширувањето на Европската унија и нејзината важна улога во поттикнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави, при што изразија подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочување на трговската и економската соработка.
Македонија
Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа што незаконски зимал надоместок за прекувремени работни часови како и една бонус плата со што го оштетил буџетот на МВР за над 100.000 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување.
Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја искористил својата службена положба или овластување, односно ги пречекорил границите на своето службено овластување.
Тој за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоци за евиденција на прекувремени работни часови и листа на работници од Одделот за дисциплински и судски постапки кои ги исполнуваат услови за исплата на бонус плата за 2023 година која лично ја одобрил, во отсуство на писмени наредби за реализирани часови работа со кои бил задолжен да извршува работи и задачи повеќе од полното работно време, се стекнал со парични средства на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари или вкупна противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР.
Македонија
Муртезани: Блиската и плодна соработка со Австрија и Словенија е дел од една поширока европска приказна за заеднички напредок, стабилност и споделени вредности

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска одржа заедничка прес-конференција со Сојузната министерка за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Плаколм и со Државната секретарка за европски прашања на Република Словенија, Нева Грашич, во рамките на нивната работна посета на Скопје.
На прес-конференцијата, министерот Муртезани ја истакна блиската и пријателска соработка со Австрија и Словенија, нивната континуирана и принципиелна поддршка за европскиот пат на Северна Македонија, како и заедничката посветеност на продлабочување на партнерството во рамките на европската агенда.
Во своето обраќање, министерот посебно изрази благодарност за солидарноста и помошта што двете држави ја пружија при гаснењето на пожарите во земјава, нагласувајќи дека таквите гестови претставуваат вистинско пријателство на дело и израз на европска блискост и заедништво.