Македонија
ДОМ: Ратификацијата на договорот со Грција е неопходна за Македонија
По долга и емотивна дискусија и анализа на текстот на договорот со Грција, Централниот одбор на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) одлучил да ја поддржи неговата ратификација, а одлуката за тоа ДОМ ја образложи преку соопштение за јавноста.
„Ратификацијата во овој миг ѝ е потребна на Македонија од три причини. Прво, со ратификацијата Македонија ќе ги започне, конечно, преговорите со ЕУ и ќе го откочи процесот за прием во НАТО. Тоа се наши стратешки цели, неопходни за зачувување на нашиот територијален интегритет и на нашите млади генерации. Второ, со овој договор престанува да важи претходниот договор од 1995, со кој бевме обврзани пред ОН да преговараме со Грција и да ја носиме понижувачката референца поранешна југословенска Република Македонија. Трето, со овој договор Македонија ја извојува главната битка која се водеше зад сцената и беше вистинската причина што досега не можевме да најдеме заеднички прифатливо решение. Тоа е битката за македонскиот идентитет, како македонски народ, со македонски јазик, култура, традиција и историја“, се наведува во партиското соопштение.
Од ДОМ додаваат дека договорот е комплексен и комплициран со многу деликатни моменти, кои бараат дополнителни формулации и борби во текот на неговата имплементација.
„Ќе ни треба уште многу сила, мудрост и обединетост за Македонија да влезе во мирни и безбедни води. Конечната иднина на земјата ќе ја одредат самите граѓани на референдум и тој глас ќе треба сите да го почитуваме“, велат од Демократска обнова на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

