Економија
Кичево доби пречистителна станица за отпадни води
Инвестираме во поздрава животна средина за подобар стандард на живеење, истакнаа заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, кои денеска присуствуваа на отворањето на пречистителната станица во Кичево за третман на отпадни води,
Пречистителната станица која е сместена во близина на Кичево е со инсталиран капацитет за 48.000 жители. Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат.
При своето обраќање, Анѓушев истакна дека финансиската вредност на проектот од 8,3 милиона евра, дел обезбеден од ЕУ и со 15% партиципација на Владата, е надмината од значењето на проектот за граѓаните, за унапредување на квалитетот на животот и за примената на технолошко-иновативни решенија во подигнување на животните стандарди на граѓаните.

„Секогаш е добро кога нешто се прави соодветно на ЕУ стандардите, а ЕУ не носи само желба Македонија да биде дел од тоа семејство, туку со себе носи и стандарди за квалитет на животот на граѓаните, на индустријата и на секојдневието. Со оваа донацијата од Европската Унија и нејзините граѓани, ние имаме уште поголема обврска да достигнеме повисоки стандарди, критериуми и квалитет на живот и на нашите граѓани. Проектот значи голем исчекор во заштита на животната средина во регионот и со примена на ова иновативно решение стандардите на европскиот живот се пренесени тука“, изјави вицепремиерот.
Македонија за да биде комплетно покриени со пречистителни станици, треба да бидат направени 87 вкупно, ова е 16-ти успешен проект во рамките на ИПА. Проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Кичево е финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), од делот за регионален развој – компонента три.

На отворањето обраќање имаше шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар.
„Овој проект е дел од активностите финансирани од ЕУ за унапредување на инфраструктурата која овозможува заштита на животната средина согласно стандардите на ЕУ преку изградба на пречистителни станици за отпадни води. Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, ЕУ исто така работи заедно со државата на реформи во секторот води, со цел да се обезбедат одржливи услуги за водоснабдување на сите граѓани“, истакна амбасадорот Жбогар.
Реализацијата на проектот е во соработка со Секторот за ЕУ при Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии. Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, го потенцираше значењето на проектот за заштита на животната средина и воедно најави дека успешната реализација на овој проект е предуслов за реализирање на уште поголем проект за општина Кичево во рамките на ИПА 2 кој предвидува рехабилитација и изградба на нова канализациона мрежа во должина од приближно 100 километри.
Изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Кичево ја реализираше компанијата WTE Group, која е во сопственост на ЕВН Групацијата.
Пречистителната станица во Кичево е изградена за помалку од две години и е втора што е пуштена во употреба во рамки на проектот. Првата пречистителна станица беше пуштена во употреба кон крајот на минатата година, а лоцирана е во с. Сачево, Струмица. Се очекува наскоро да биде пуштена во употреба и третата пречистителна станица која се наоѓа во Радовиш. Вкупната вредност на овие објекти изнесува 21 милион евра.
На настанот присуствуваше и Крешник Бектеши, министер за економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

