Црна хроника
Уапсен скопски газда кој ја „олеснил“ УЈП за 100.000 евра
Дваесет ипетгодишен сопственик на фирма во Скопје е уапсен за даночна измама од 100.000 евра, соопшти Финансиската полиција.
„Финансиската полиција ја продолжи акцијата започната пред десетина дена при што уапси уште еден измамник кој без никаква деловна активност ја олеснил Управата за јавни приходи за 100.000 евра“, соопшти полицијата во среда.
Уапсениот М.Х(25) од Скопје, преку фирмата „Север Компани“, во која бил пријавен како управител и преку фирмата „Алмес Трејд“, управувана од турски државјанин, ја измамил Управата за јавни приходи и издејствувал поврат на наводно влезно ДДВ при што од касата на државата си подигнал 100.000 евра.
Уапсениот во текот на 2012-2013 година потпомогнат од лицето С.Џ(37) ја искористил фантом фирмата „Север Компани“ од Скопје, која во конкретниот период немала никаква деловна активност и до Управата за јавни приходи доставил фалсификувани ДДВ пријави во кои прикажал невистинити податоци за влезниот промет, за наводно извршени набавки на стоки и услуги за кои не постои никаква документација.
Истата шема М.Х. ја применил и со фирмата „Алмес Трејд“, во која како управител се јавува извесен М.К(43) државјанин на Република Турција. И за оваа фирма која исто така била наменски отворена за вршење на криминални активности, пријавените за периодот 2012-2013 година изготвиле фалсификувани ДДВ пријави со кои ја измамиле УЈП во однос на влезното ДДВ кое е предмет на поврат.
Тројцата пријавени ја оштетиле Република Македонија за сума од приближно 100.000 евра заради што до Основното јавно обвинителство против нив е поднесена кривична пријава за кривични дела „измама“, „помагање“ и „фалсификување и уништување деловни книги“.
На М.Х. Основниот суд Скопје му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

