Свет
Уaпсен капетанот на потонатиот траект во Суматра

Капетанот на претоварениот траект, кој потона во понеделникот во езерото Тоба во Индонезија, е приведен во полиција на сослушување. Официјално е потврдена смртта на четири патници, а бројката на исчезнати е зголемена од 180 на 193 лица. Капетанот на траектот е помеѓу 18-те преживеани, а потрагата по речиси 200 исчезнати патници продолжува.
Ова е една од најтешките поморски несреќи во тој архипелаг на југоистокот во Азија.
Дрвениот траект потона поради високите бранови и силниот ветар кога се наоѓаше на средината на езерото Тоба, популарна туристичка дестинација во Суматра. Роднините на исчезнатите побараа надлежните да вложат повеќе напори во спасувачката операција и ги критикуваа властите во Индонезија поради немањето основни мерки на безбедност кога се во прашање бродовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери.
„На крајот од средбите, го повикав претседателот Путин и започнав подготовки за состанок, на локација што ќе се утврди дополнително, меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп, додавајќи дека потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе ги координираат аранжманите меѓу двете земји.
По тоа, ќе следи трилатерален состанок со мене, рече Трамп.
President Donald J. Trump on the phone with President Putin in the Oval Office. pic.twitter.com/RkWReNAT2b
— The White House (@WhiteHouse) August 19, 2025
Тие разговараа 40 минути
Ова беше индиректно потврдено од руската страна. Телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин траеше 40 минути, објави агенцијата РИА, повикувајќи се на претставникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
„Беше разговарано дека би било вредно да се испита можноста за подигнување на нивото на претставници што учествуваат во директните преговори од украинската и руската страна“, рече Ушаков.
Трамп и Путин се согласија да останат во близок контакт за украинската криза и други прашања, рече Ушаков.
фото: принтскрин
Свет
Макрон: Европските воени сили треба да учествуваат во мировните операции во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на новинарите во Вашингтон дека европските воени сили треба да учествуваат во мировните операции во Украина во иднина.
„Ќе ни треба силна украинска армија и ќе мора да ѝ помогнеме на Украина со сили на терен“, рече Макрон. „Ќе ни требаат мировни операции што сојузниците на Украина се подготвени да ги обезбедат“.
Не е прв пат Макрон да ја изнесе идејата, но досега тоа не доведе до никакви конкретни распоредувања.
Макрон додаде дека Трамп би бил „подготвен“ да воведе секундарни санкции и царини врз Москва „доколку Русија не соработува“. Тој исто така потсети дека Трамп веќе вовел царини врз Индија за купување руска енергија.
Францускиот претседател нагласи дека не е убеден дека Русија сака мир, додавајќи дека европските лидери „му ставиле до знаење на Трамп“ дека мировниот договор не може да чека недели или месеци.
фото: принтскрин
Свет
Британскиот премиер: Постигнавме вистински напредок

Британскиот премиер Кир Стармер зборуваше по состанокот во Белата куќа, каде што Доналд Трамп и Володимир Зеленски присуствуваа и европски лидери.
Тој рече дека на состанокот е постигнато „чувство на единство“ и дека се постигнати два клучни заклучоци.
Првиот е дека „коалицијата на волните“ – група од 31 земја што ветија дека ќе помогнат во зајакнувањето на Украина – ќе соработува со Соединетите Американски Држави за безбедносни гаранции. Стармер додаде дека веќе им дал задача на своите тимови да работат на ова прашање, нагласувајќи дека тоа е важна тема за безбедноста на Украина, Европа и Обединетото Кралство.
Вториот е договорот за состанок меѓу Владимир Путин и Зеленски, кој треба да се одржи билатерално, а потоа трилатерално, со учество на Доналд Трамп.
„Кога станува збор за прашања како територија, размена на затвореници или многу сериозното прашање за враќање на деца, јасно е дека Украина мора да биде на масата“, рече Стармер, заклучувајќи: „Денес постигнавме вистински напредок“.
фото: принтскрин