Црна хроника
Пожар во Куманово, нема повредени

Покуќнина изгоре во пожар во Куманово, кој вчера напладне ја зафатил семејната куќа на 51-годишната Ц.Б. од Куманово. Во 12.30 часот во Полициската станица Куманово од Територијалната противпожарна единица Куманово било пријавено дека во куќа на улицата Доне Божинов во Куманово настанал пожар.
По кажување на сопственичката, пожарот настанал додека таа била излезена и немало никој во куќата. Од пожарот изгорел дел од покуќнината. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен Грк на Табановце, во неговото возило пронајдена марихуана

Вчера околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 30-годишниот Г.К. од Република Грција.
При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.
Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени тројца студенти од Турција во Скопје, нападнале и ограбиле таксист

Полицијата уапси тројца студенти од Турција за физички напад врз таксист.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција- студенти со регулиран привремен престој во земјава, поради сторено кривично дело „разбојништво“.
На 3 мај во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, а еден од нив му одзел мобилен телефон, по што избегале.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје преземаа соодветни мерки и активности и трите лица се пронајдени и лишени од слобода, а пронајден е и телефонот и вратен на сопственикот. Против О.А.Б., К.И. и Е.Х.Б. до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.237 ст.4 од КЗ.
Црна хроника
Претседателот на ФК „Слога“ нападнал фудбалер на ФК „Карбинци“

Инцидент се случил вчера на градскиот стадион во Виница.
Според информациите на МВР, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријавил во полиција дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“.
Додека траел инцидентот, комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држел затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК „Карбинци“.
Во врска со настанот, во полициска станица е извршен службен разговор со Д.М. и Н.К.. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.