Црна хроника
Петмина повредени во девет сообраќајни несреќи

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои пет со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 93 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи, од кои: пет поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило, тројца бидејќи биле возачи почетници и четворица поради сторени други сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден издадени се 262 мандатни платни налога, а 66 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен маж од Дебарско, возел со 2,41 промили алкохол во крвта

Вчера во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода 51-годишниот С.М. од дебарското село Могорче.
При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Денеска во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација. Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.
Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен Грк на Табановце, во неговото возило пронајдена марихуана

Вчера околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 30-годишниот Г.К. од Република Грција.
При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.
Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава.