Црна хроника
Скопјанец фатен при кражба во возило

Скопјанец бил фатен при кражба во возило. Според полицијата, во 01.25 часот изутринава во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Народен фронт непознато лице насилно влегло во патничко возило „астра“ со намера да изврши тешка кражба.
Полициски службеници од Полициската станица Центар излегле на местото на настанот, при што бил затекнат Б.Ј. (28) од Скопје, кој кај себе имал одземени повеќе предмети. Лицето било приведено во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен маж од Дебарско, возел со 2,41 промили алкохол во крвта

Вчера во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода 51-годишниот С.М. од дебарското село Могорче.
При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Денеска во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација. Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.
Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен Грк на Табановце, во неговото возило пронајдена марихуана

Вчера околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 30-годишниот Г.К. од Република Грција.
При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.
Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава.