Свет
Американските власти им давале тешки лекови на децата на мигрантите, тврди центар за човекови права

Децата на мигрантите во САД, одвоени од нивните родители, присилно добивале широк спектар на психотропни лекови, кои влијаат на менталните функции, се вели во тужба поднесена од страна на Центарот за човекови права во Лос Анџелес.
Овие деца биле земани од родители имигранти и биле сместувани во засолништа за млади, основани од американската влада. Причината за давање на лековите кои фактички делуваат како дрога, како што е објаснето, била со цел децата полесно да се справат со траумите откако биле затворени и одделени од родителите.
Во тужбата поднесена од Центарот за човекови права во Лос Анџелес, се наведува дека децата биле чувани во објекти како центарот Шило во Тексас и речиси сигурно добивале тешки медикаменти без оглед на нивната здравствена состојба и без родителска согласност, пренесува „Ројтерс“.
„Доколку престојувате во центарот Шило, речиси е сигурно дека сте на тие лекови“, објаснил еден од адвокатите на Центарот.
Тужбата се заснова на сведочење на деца кои објасниле дека добивале инјекции кога одбивале да ги земат лековите, но и родители кои тврдат дека не биле прашани за согласнот дали може на нивните деца да им се даваат лекови за вознемиреност.
Земањето на различни психотропни лекови во исто време може да предизвика сериозна штета за децата, се наведува во тужбата, во која се нагласува и потребата од надзор со цел да се спречи ваквата злоупотреба на лекови.
Анти-имиграциските политики на претседателот на САД, Доналд Трамп, поради кои илјадници деца беа заглавени во кампови и одвоени од родителите, предизвикаа загриженост кај светската јавност, но и кај неговата сопруга, Меланија, која јавно им се спротивстави на ваквите мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави Волстрит журнал, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот, по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува Ројтерс.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за покренување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдачен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.
Свет
Ученик пукаше во средно училиште во Колорадо – двајца тинејџери повредени, напаѓачот почина

Ученик отвори оган во средно училиштево предградие на Денвер, Колорадо, при што бea повредени двајца тинејџери, а потоа напаѓачот го насочил оружјето кон себе. Подоцна властите потврдија дека починал.
Истрелите биле испукани и во внатрешноста и надвор од училиштето. Полицијата пристигнала на местото во рок од пет минути и го пронашла напаѓачот, соопшти портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели. Таа истакна дека ниту еден полицаец не отворил оган.
Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили од околината биле испратени да помогнат.
Повредените ученици биле пренесени во болница и првично биле во критична состојба. До вечерта, еден од нив бил стабилизиран.
Средното училиште „Евергрин“ брои повеќе од 900 ученици.
Округот Џеферсон е местото каде во 1999 година во пукањето во училиштето „Колумбајн“ беа убиени 14 лица.
Свет
Белорусија ја предупредила Полска за беспилотни летала во нејзин правец

Началникот на Генералштабот на полските вооружени сили, генерал Вислав Кукула, потврди дека Полска добила информации од Белорусија за беспилотни летала кои се движеле во нејзин правец, пренесува ТВN24.
Кукула ја потврди изјавата на Белорусија дека испратила предупредување до Полска во врска со леталата.
„Белорусите нè известија дека беспилотни летала го прелетуваат нивниот воздушен простор кон Полска“, изјави тој.
На прашањето за моментот на предупредувањето, рече дека тоа му било корисно, додавајќи дека е изненаден што Белорусија, и покрај напнатите односи на копнената граница, се одлучила за соработка од ваков вид.
Во меѓувреме, Полската армија соопшти дека соборила беспилотни летала кои го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина.
„Распоредено е оружје, а службите работат на лоцирање на соборените објекти. Се работи за сериозно нарушување на воздушниот простор“, соопшти Полската оперативна команда.
Премиерот Доналд Туск изјави дека најмалку 19 беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор. Досега се пронајдени остатоци од 15 беспилотни летала и ракети со неидентификувано потекло.