Спорт
Ејтон прв пик, Дончиќ во Далас
Кошаркарот на универзитетот Аризона, Деандре Ејтон е избран како прв пик, од страна на Феникс Санс, на драфтот во Њујорк. Најдобриот Европеец, Лука Дончиќ, НБА кариерата ќе ја започне кај Дирк Новицки во екипата на Далас Маверикс.
Според најавите, Фени…

Кошаркарот на Универзитетот „Аризона“, Деандре Ејтон, е избран како прв пик од страна на Феникс Санс на драфтот во Њујорк. Најдобриот Европеец, Лука Дончиќ, НБА-кариерата ќе ја започне кај Дирк Новицки во екипата на Далас Маверикс.
Според најавите, Феникс не изненади со својот избор. Санс се реши за крилниот центар Ејтон, вториот пик го има Сакраменто Кингс, и генералниот менаџер на овој клуб, Владе Дивац, се реши за крилниот центар од Универзитетот „Дјук“, Марвин Бегли Третиот.
Словенецот Дончиќ како трет пик беше избран од Атланта Хокс, меѓутоа веднаш беше испратен во Далас. Атланта за Дончиќ ги доби петтиот пик на Далас, плејмејкерот Треј Јанг и право на избор во првата рунда на наредниот драфт.
Дончиќ е трет европски играч кој е избран како трет пик по Енес Кантер (2011) и Пау Гасол (2001), а подобро позиционирани од овие тројца биле само Дарко Миличиќ (втор пик, 2003), Рики Смитс (втор пик, 1998) и Андреа Барнњани (прв пик, 2006).
The Mavs picked up Luka Doncic and his mom….The draft is over, they won already pic.twitter.com/1a6tws7WxO
— gifdsports (@gifdsports) June 21, 2018
Мемфис од четвртата позиција се реши за крилниот центар на Универзитетот „Мичиген стејт“, Џерен Џексон Јуниор, а шестиот пик му припадна на Орландо Меџик. Центарот на Универзитетот „Тексас“, Мохамед Бамба, ќе игра за Орландо.
Вендел Картер Јуниор како седми пик е избран од страна на Чикаго Булс, а вицешампионот Кливленд Кавалирс од осмата позиција го избра плејмејкерот на Алабама, Колин Секстон. Овој пик Кливленд го доби како дел од трејдот на Кајри Ирвинг во Бостон Селтикс.
По изборот, Секстон му порачал на најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс, дека треба да остане во Кливленд.
Деветти пик е крилниот играч на Универзитетот „Кентаки“, Кевин Нокс. Тој е избран од Њујорк Никс, а пик број десет е Микел Бриџис од Виланова, тој е избран од Филалдлефија, меѓутоа веднаш е трејдуван во Феникс Санс.
На драфтот се појави и репрезентативецот на БиХ, Џанан Муса. Ексиграчот на Цедевита како 29-ти пик го избра Бруклин Нетс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

