Економија
Гувернерката на НБРМ на конференција на Банката за меѓународни порамнувања во Швајцарија
Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, денеска и утре во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми што го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво.
Денес, таа учествува на 17. годишна конференција на оваа најстара меѓународна финансиска институција, на која во Цирих гувернери и експерти од централните банки, високи претставници на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и универзитетски професори и истражувачи дискутираат на тема „Десет години по големата финансиска криза: што е сменето?“ Претпладневните сесии на конференцијата беа посветени на карактеристиките на новиот глобален финансиски систем и на прашањето дали во изминатите десет години на светско ниво се промени инфлацискиот процес – начинот на формирање на цените, нивната динамика и фундаменталните врски со нивните главни детерминанти. Попладнево учесниците ќе дискутираат за тоа дали сега, по завршувањето на кризата, глобалниот финансиски систем е поотпорен на шокови од претходно. Одделна сесија ќе им биде посветена и на клучните предизвици во координацијата на меѓународната политика што ја спроведуваат централните банки.
Оваа конференција е еден од неколкуте настани преку кои БИС секоја година ја остварува својата улога на форум за дискусија и анализи меѓу централните банки и меѓу факторите на меѓународната финансиска заедница воопшто. Учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на годинешново издание на овој традиционален настан е уште една потврда на определбата НБРМ и натаму да биде активен учесник во ваквите дебати и анализи што се клучни за монетарната политика и монетарните движења во глобални рамки.
Во текот на утрешниот ден гувернерката на НБРМ ќе учествува на 88. годишно генерално собрание на БИС, кое секоја година се одржува во Базел. На собранието ќе учествуваат високи претставници на шеесетте централни банки и монетарни институции кои членуваат во БИС и имаат право на глас и учество на ваквите собири, меѓу кои е и НБРМ. Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе го искористи учеството на собранието и за билатерални средби со повеќе гувернери на централни банки што се членки на БИС поради унапредување на позицијата на НБРМ во меѓународната централнобанкарска заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

