Спорт
Швајцарски навивачи со трактор од Луцерн пристигнале во Калининград (видео)
Тројца Швајцарци со тркатор пристигнале во Калининград, каде вечерва нивната репрезентација ќе игра против Србија во второто коло, на Светското првенство во Русија.
Беат Штудер, Вернер Цимерман и Жозеф Вајер од Луцерн тргнале на 8.јуни и поминале 2.000…


Тројца Швајцарци со тркатор пристигнале во Калининград, каде што вечерва нивната репрезентација ќе игра против Србија во второто коло на Светското првенство во Русија.
Беат Штудер, Вернер Цимерман и Жозеф Вајер од Луцерн тргнале на 8 јуни и поминале 2.000 километри низ Германија и Полска. Тракторот со кој патуваат овие тројца навивачи се движел со просечна брзина од 30 километри на час.
„Глупави идеи доаѓаат кога ќе испиете малку повеќе“, рекол Жозев Вајер за „Спутник“.
Своето патување тие го опишале како навивачки пат со добра причина бидејќи парите што ќе ги заработат од оваа своја авантура, околу 20.000 долари, ќе ги донираат во една хуманитарна организација од Швајцарија.
Натпреварот Швајцарија-Србија ќе започне во 20 часот. Во првото коло Србија ја победи Костарија 1:0, а Швајцарија одигра 1:1 против Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Модриќ го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната?

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ по крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид.
Договорот на Модриќ со шпанскиот тим истекува за два и пол месеци, а како што пренесува локалниот „Ас“ продолжувањето на соработката не е во оптек.
Хрватот има 39 години и веќе ги надмина сите очекувања на навивачите, кои пред две сезони сакаа тој да остане барем уште една година.
Познато е дека Реал Мадрид ретко задржува фудбалери кои се на залезот на кариерата, но Модриќ е многу заслужен што се уште е во шпанскиот тим.
Сепак, „Ас“ смета дека тоа повеќе нема да биде така.
Во иста ситуација ги ставија Лукас Васкез и Давид Алаба.
Спорт
Навивачите на Лејкерс загрижени: Леброн се повреди без контакт

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа нова победа изминатата вечер и тоа над Хјустон со убедливи 140-109.
Сепак, победата во која одличен беше Лука Дончиќ со 39 постигнати поени и со која стигнаа до третото место на табелата пред плеј-офот остана во сенка на повредата на Леброн Џејмс.
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на паркетот помина само 22 минути и мораше да биде заменет поради повреда во третата четвртина.
Во овој момент нема детални информации за каква повреда се работи, но фановите се загрижени што истата дојде без контакт. Охрабрувачки може да биде тоа што Леброн по повредата не замина во соблекувалната, туку остана на клупата за резерви.
Спорт
Јокиќ со нов трипл-дабл испиша историја

Кошаркарите на Денвер остварија многу важен триумф во борбата за плеј-офот – на домашен терен беа подобри од директниот конкурент Мемфис (117:109).
Пред крајот на колото Нагетс имаат скор 49-32, го држат четвртото место на Западот, додека Гризлис се осми со учинок 47-34.
Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија, остварувајќи трипл-дабл – 26 поени, 16 скока, 13 асистенции и две украдени топки.
На теренот мина 41 минута, шутираше 11/19 од поле, не се обиде многу тројки (1/2), додека од белата линија имаше 3/7.
Јокиќ успеа да оствари сезонски трипл-дабл, да забележи просечен двоцифрен учинок кога се во прашање поени, скокови и асистенции.
Интересно, најефикасен не беше тој, туку Арон Гордон со 33 поени и пет скока. Џамал Мареј додаде 15, со седум асистенции и пет скока, Расел Вестбрук 14, а Кристијан Браун 12 поени, со пет асистенции.
На другата страна се истакна Дезмонд Бејн со 24 поени и шест скока, Џа Морен постигна 21 со шест асистенции, а Џерен Џексон постигна 18 поени.
Денвер не го започна баш најдобро натпреварот, имаше двоцифрена негатива во раната фаза, а до самиот крај не успеа да поведе.
Потоа следеше фантастична серија од 11:0 со која Нагетс го прекинаа натпреварот и на крајот ја однесоа победата.
Во последното коло Денвер му гостува на Хјустон, додека Мемфис го пречекува Далас. Двата натпревари се закажани за в недела од 21:30 часот.