Македонија
Демонстрантите побараа оставка од Владата и изразија поддршка за Иванов

Еден и пол час траеше вечерашниот протест за одбрана на името во Скопје. Од бината пред Собрание демонтрантите побараа оставка од Владата, оти велат дека е нелегитимна, најавија кривична пријава за директорот на Бирото за јавна безбедност и побараа интерпелација од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поради нападот со солзавец и шок бомби на минатите протести. Тие се залагаат за мирни протести, а поради инцидентите што се случиле на претходните протести, за кои сметаат дека се провокации, за вечерашниот протест побарале мониторинг од ОБСЕ.
Говорници беа луѓе од народот, немаше политичари. Организаторите од „Млади за Македонија“ пуштија видео-порака од повредената актерка Арна Шијак, од внукот на Никола Карев кој го носи неговото име и презиме, од внуката на Гоце Делчев – Катерина Трајкова Делчева, од аналитичарот Џејсон Мико и од европратеничката Маријана Петир. Сите дадоа поддршка на протестите за одбрна на името и порачаа дека народот треба да одлучи за идентитетот.
Вечерва од насобраниот народ пред Собрание претседателот Ѓорге Иванов доби громогласна поддршка за одбивањето да го потпише договорот со Грција за менување на името. Насобраниот народ неколку минути го скандираше неговото име.
Комитите на протестот пристигнаа со бакли и знамиња, а меѓу демонстантите беа и навивачките групи „Шкембари“, „Војводи“ и „Фемили Аеродром“. Организаторите посочија дека сиот македонски народ треба да го следи примерот за обединување на навивачките групи и да се обедини за одбрана на името.
Протестот со најава дека борбата продолжува, заврши со песната „Цреша“ од Тоше Проески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Во текот на Велигденските празници, утре и задутре, на зонските паркиралишта кои се во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ нема да се врши наплата за паркирање. Исклучок од ова е зоната А0 на Водно, каде граѓаните ќе мора да платат за паркирање.
Од претпријатието информираат дека во наредните два дена наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември, додека пак редовна наплата ќе има во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на сите останати јавни паркиракишта – Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клинички центар „Мајка Тереза“.
Македонија
ДУИ за истрагата за пожарот во Кочани: Обвинителството се оддалечува од правдата и влегува во политичка игра

Од Демократската унија за интеграција остро реагираат на последната прес-конференција на главниот јавен обвинител, кој се повика на меѓународни примери како Романија, Бразил и САД, за да ја оправда одлуката за воведување долгорочна каузалност и отворање обвиненија против поранешни функционери.
„Ова не е право, ова е правна импровизација. Главниот обвинител не се води од закон, туку од желба за аплауз“, велат од ДУИ.
Од партијата потенцираат дека, за разлика од тврдењата на обвинителството, во ниту еден од наведените меѓународни случаи не се случило да се водат процеси против луѓе кои немале допирна точка со самата трагедија. Одговорност, според истражувањата, сноселе само директно инволвираните – најчесто три до пет лица – без историски ревизии или вештачки проширување на вината.
„Наместо да ја бара вистината низ призмата на правдата, обвинителството оди по патот на популизмот и спасување на Владата. Овој пристап не е само антипрофесионален – тој е антиуставен“, истакнуваат од ДУИ.
Според нив, ова е јасен показател за политички договор помеѓу извршната и судската власт, што ја нарушува независноста на правосудниот систем.
„Претворањето на трагедијата во алатка за лична или институционална промоција е опасна девијација. Последиците од ваквото дејствување можат да бидат несогледливи“, предупредуваат од партијата.
ДУИ упатува јасен апел:
„Обвинителството мора веднаш да го прекине трансакцискиот однос со Владата. Правото не се практикува по нарачка. Кариерите на политичарите и обвинителите не смеат да се градат врз туѓа трагедија“.
Од ДУИ јасно порачуваат: „Историјата, правото и јавноста ќе ги паметат тие имиња – не како херои на правдата, туку како пример за злоупотреба на правниот систем под политички и јавен притисок.“
Македонија
Полесно до потврдите за сопственост на моторни возила, воведена е нова електронска услуга

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од Министерството, станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).
Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.
– Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.