Црна хроника
Скопјанец заврши во притвор поради шверц на кокаин од Косово
Скопјанец заврши во притвор поради шверц на кокаин од Косово. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Врз основа на судска наредба, на 21 јуни полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај скопјанецот, при што биле пронајдени две полиетиленски пакувања со наркотична дрога кокаин со маса од 161 грам, дигитална вага, 22 банкноти во апоени од по 50 евра, два мобилни телефони марка со СИМ картички и уште една СИМ картичка.
Според МВР, тој во текот на јуни во повеќе наврати остварил патувања во Косово, од каде набавил кокаин, кој го пренел во Република Македонија заради понатамошна продажба. Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

