Црна хроника
Гостиварец нападнал извршителка на должност
Жител на Гостивар нападнал извршителка која постапувала во предмети против неговиот син.
Според информациите на МВР, во петокот В.Ј. (54) од Скопје пријавила дека истиот ден во 12:30 часот во Гостивар, на влезната врата од домот на Е.Ќ., тој ѝ се заканувал и ја навредувал, а се обидел и физички да ја нападне во моментот кога пријавителката како извршител постапувала по девет предмети за извршување кон лицето В.Ќ., кој му е син на напаѓачот.
Е.Ќ. бил приведен во Полициската станица Гостивар, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кокаин најден во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
75-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Вчера околу 10:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „линфан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(75) од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.К.(27) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(37).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „линфан“ П.Д., додека со телесни повреди сопатничката од мотоциклот „хонда“ С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот

Вчера во 11:20 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на регионален пат во село Железница, кратовско, Б.Д.(24) од Скопје управувајќи мотоцикл „кимко” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Увид извршила екипа од ОВР Кратово.