Свет
САД наскоро ќе ѝ постават рокови на Северна Кореја
По историскиот самит на Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, САД до Северна Кореја наскоро ќе достават временска рамка која ќе содржи специфични барања.
Неименуван американски официјален претставник, кој контактирал со мала група новинари непосредно пред заминувањето на американскиот секретар за одбрана, Џим Матис на азиска турнеја, рекол дека временската рамка ќе биде доволно мала за да го демонстрира нивото на ангажман кое Пјонгјанг има намера да го покаже, но не навлегувал во повеќе детали.
„Наскоро ќе знаеме дали тие ќе дејствуваат со добра волја или не“, изјавил официјалниот претставник, кој побарал да остане анонимен, објави „Ројтерс“.
Ќе има специфични барања и конкретни временски ограничувања кога Севернокорејците ќе ги запознаеме со нашиот концепт за спроведување на договорот од самитот, рекол претставникот.
Матис за време на еднонеделната азиска турнеја ќе ги посети Кина, Јужна Кореја и Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Свет
Ураганот Хелена опустоши делови од Америка: една од најсмртоносните бури однесе најмалку 160 животи
Ураганот Хелена стана вториот најсмртоносниот ураган во САД во последните 55 години со број на загинати над 160, објави „Фокс њуз“.
Повеќе од 160 луѓе загинаа во шест држави – Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси.
Стотици луѓе сè уште се водат за исчезнати по ураганот поради прекини на струјата и тешкотии во комуникацијата.
Тешко погодените региони, вклучително и делови од западна Северна Каролина, добиваат помош од разни држави, а екипите за итни случаи продолжуваат да се обидуваат да стигнат до изолираните заедници уништени од поплавите.
Сцените од малите градови, како што се Чимни Рок, Свананоа и селото Билтмор, ги прикажуваат опустошените делови од регионот.
Според гореспоменатата медиумска компанија, првиот најсмртоносниот ураган што ги погодил САД бил ураганот Катрина во 2005 година, кој бил дури и поголем од ураганот Камил, кој го погоди брегот на Мексиканскиот Залив во август 1969 година.
Бајден најави дека денеска ќе отпатува во Ешвил, Северна Каролина, а треба да ги посети и Флорида и Џорџија.
Свет
Три лица уапсени по експлозиите во близина на израелската амбасада во Данска
Полицијата уапсила тројца мажи, наводно поврзани со две експлозии што утринава се случиле во близина на израелската амбасада северно од Копенхаген, пишува „Њујорк тајмс“.
Двајца од мажите се уапсени на централната станица во Копенхаген, а третиот на друго место во градот, се вели во соопштението на полицијата. Не се соопштуваат повеќе детали за осомничените.
Експлозиите, кои се случиле околу 3.20 часот, според полицискиот оддел во Копенхаген, биле пријавени во Хелеруп, приморско предградие северно од Копенхаген, каде што се сместени неколку амбасади.
Мајкл Рахлин, портпарол на еврејската заедница во Данска, рече дека единственото еврејско училиште во Копенхаген е затворено бидејќи се наоѓало во близина на областа.
Експлозиите се случија еден ден откога полицијата во Стокхолм соопшти дека таму имало пукање во израелската амбасада. Полицијата во Шведска го истражува наводното пукање, но соопшти дека никој не е повреден.