Македонија
Aкадемиците во МАНУ не го изгласаа Прибе за член
Академици во МАНУ го предложија, но Собранието на оваа највисока научна институција не го изгласа европскиот експерт Рајнхард Прибе за член надвор од работниот состав на Македонската академија на науките и уметностите, потврди за „Макфакс“ потпретседателот, академик Луан Старова. На изборното собрание на МАНУ, кое се одржа на 6 јуни, бил поставен предлогот Прибе да биде прифатен за член на Академијата, надвор од работниот состав. Но, при гласањето предлогот не поминал.
Експертот за владеење на правото на Европската комисија, кој заедно со група колеги ги подготви извештаите за Македонија за итните реформски приоритети, според нашите извори, го предложиле дел од академиците. Со ова место во МАНУ не се добива право на глас или, пак, некаков надоместок. Во краткото соопштение за седницата на 6 јуни за избор на дописни членови на Академијата пишува дека за дописен член на Академијата е избран проф. д-р Блажо Боев, за член на Академијата надвор од работниот состав е избран академик Владимир Костиќ, а за почесен член, Омер Калеши.
За одлуките на седницата и потврда за одбивањето на предлогот за член надвор од работниот состав на МАНУ, побаравме и од претседателот на МАНУ, Таки Фити, кој првично ниту ја потврди, ниту ја негираше ситуацијата, а денеска не беше достапен за коментар на мобилниот телефон.
За поднесување предлог за избор на член надвор од работниот состав и на почесен член на Академијата решаваат одделенијата со тајно гласање и со мнозинство гласови од вкупниот број на нивните членови. Иницијатива за избор на член надвор од работниот состав и на почесен член можат да дадат најмалку два члена на одделението на седницата.
Извори од академската фела за „Макфакс“ велат дека предложувањето на Прибе за ваква почесна позиција без притоа да се осигура поддршка за изгласување е во најмала рака несериозно, бидејќи може да испрати различни пораки до домашната и меѓународната јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

