Свет
Париз летово ќе ангажира 5 000 полицајци дневно за заштита на туристите

Пет илјади полицајци во Париз ќе бидат на должност секој ден летово за да им помогнат на туристите и да ги заштитат од бандите џепчии и измамници кои демнат странски посетители, пренесува француски „Локал“.
„Правиме сè што можеме за туристите да се безбедни во сигурен и мирен град без да го трансформираме градот во бункер”, вели шефот на полицијата на Париз, Мишел Делпуе.
Лувр е една од седумте локации во француската престолнина кои летово ќе добијат посебно полициско внимание. Другите се Монмартр, Елисејските Полиња, областа околу Трокадеро и Ајфеловата кула, Латинскиот кварт, Шателе и Опера.
Париз пречека 18 милиони туристи минатата година, а бројката е уште поголема во 2018 година. Обидот да се задржи градот безбеден е голем потфат, а летово 5000 полицајци ќе бидат распоредени за време на шпицот, од 11 јуни до 30 септември.
„Деведесет отсто од кражбите кај туристите се од џепчии или улични продавачи, ловци на картички или луѓе со лажни молби”, изјави за „Ле паризиен“ Фредерик Дупуш, висок претставник за безбедност во Париз.
Податоците од локалното Министерството за внатрешни работи покажуваат дека лани во Париз имало 134 000 ненасилни кражби, кои вклучуваат џепарење и крадење чанта или мобилни телефони. Полициските статистики од летната сезона минатата година покажуваат дека од средината на јуни до средината на септември биле уапсени 1.887 улични продавачи на мини Ајфелови кули и други украси, а во седумте главни туристички зони на градот биле забележани 703 кражби на чанти и мобилни телефони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.