Свет
Муслимански сточари масакрирале 120 нигериски христијани што се враќале од погреб
Муслимански сточари од племето Фулани викендот масакрирале околу 120 христијани во централна Нигерија, од кои повеќето се враќале од погребот на таткото на еден локален христијански свештеник, пренесува „Брејтбарт“.
Во нападот што траел неколку часа тешко вооружените напаѓачи отвориле оган врз жителите на неколку села во државата Плато, при што загинаа 120, а беа повредени повеќе од 200 луѓе. Напаѓачите до темел запалиле и околу 50 куќи. Пасторот задолжен за Христовата црквата во нациите (COCIN), Пам Чалом, вели дека повеќето од убиените во нападот биле христијански верници.
„Сточарите ги нападнаа нашите верници кои присуствуваа на погребот на таткото на еден од нашите свештеници, Баба Јакава. Вооружените лица нападнаа и убија 34 лица од селото Некан, 39 од Куфанг и 47 лица од селото Рук”, рече пасторот Чалом, додавајќи дека покојниот бил посветен член на црквата, па неговиот погреб имало многу народ.
Еден очевидец на нападот, Масара Ким, кој успеал да избега од нападот, вели дека напаѓачите отвориле оган кон конвојот верници и куршумите го погодиле возило во кое патувал, повредувајќи едно лице. Нападот, опишан како масакр врз 11 села, почнал околу еден часот напладне во саботата и траел до осум часот вечерта. Во неделата полицијата преброила 86 тела, но во меѓувреме бројот на жртви се зголемил на 120.
Мејнстрим медиумите, како Си-ен-ен, кои известуваа за настанот ја прикрија религиската природа на нападот и индетитетот на напаѓачите, површно опишувајќи го инцидентот како пример за етнички тензии. „Франс прес„2 извести дека убиствата се најновиот инцидент во долгата „борба за земја и ресурси“, а „Асошиетед прес“ отиде дотаму што го поврза нападот со климатските промени, наведувајќи дека сточарите во Северна Африка се принудени да одат на југ во понаселените фармерски заедници во потрага по пасишта.
Во меѓувреме, претставник на муслиманските сточари ги обвини христијаните за нападот, велејќи дека пукањето било чин на одмазда откако локалните селани убиле 300 крави во последните неколку недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.
Свет
Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа во Авганистан во поплави по обилните дождови во северната провинција Баглан, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матен Кание.
Тој посочи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесе Ројтерс.
Кание рече дека има поплави во повеќе од пет области во Баглан по обилните дождови и на некои домаќинства им е потребна итна помош.
Тој додаде дека за вечерва се предвидуваат две силни невремиња.
„Министерството за внатрешни работи испрати екипи и хеликоптери во областа, но поради недостиг на светла за ноќно гледање во хеликоптерите, операцијата можеби нема да биде успешна“, рече тој.
Најмалку 33 лица загинаа, а 27 се повредени во силните поплави предизвикани од сезонските дождови во средината на април во Авганистан.
Поплави во април го погодија главниот град Кабул и неколку провинции низ земјата.