Македонија
Богоев чека амин од Министерството за транспорт и врски за стопирање на спорните ДУП-ови во Карпош
Во барањето за стопирање на 29 детални урбанистички планови во Општина Карпош од страна на советникот на Левица, Бранко Ристов не беа посочени ниту прецизирани конкретни забелешки за деталните урбанистички планови, за евентуалните спорни делови од истите. Сепак, со цел да се обезбеди релевантен одговор по однос на барањето, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, побара мислење од Министерството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа како надлежни институции, да се произнесат по однос на правната основаност на барањето за воспоставување мораториум, велат за „А1он“ и „Макфакс“ од Општина Карпош.
– Го очекуваме мислењето од Министерството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа бидејќи секое барање за нова точка на Дневниот ред на седницата на Совет треба да биде правно основано и поткрепено, посочуваат од Општината.
Оттаму исто така велат дека не постојат никакви притисоци кон градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, или кон други лица од општинската администрација, ниту, пак, има каков било договор со изведувачите на зградите или, пак, некој од претходната владејачка гарнитура во однос на стопирањето на ДУП-овите.
– Најдиректно посочуваме дека не постојат никакви договори ниту со изведувачи ниту, пак, со некој од претходната владејачка гарнитура. Напротив, во изминатиов период новото општинско раководство покажа недвосмислена волја за справување со сите незаконски дејствија и активности на полето на урбанизмот кои се случиле во минатото.
Тоа се покажа со доставувањето докази до Уставниот суд на Република Македонија, на поднесени иницијатива од страна на граѓани, велат од Општината.
Како што тврдат, од Општината е побарано времено запирање на два детални урбанистички планови: ДУП за Градска четврт 3 05 и ДУП за Градска четврт 3 04, а исто така доставени се есенцијални докази преку кои, според нив, се гледа повредата на процедурата при носењето на овие планови, и очекуваме изјаснување на Уставниот суд.
-Градоначалникот на Општината и општинската администрација не молчат по однос на овие актуелни прашања. Презедовме конкретни активности и со нови докази ги поткрепивме иницијативите пред Уставниот суд. Исто така, на 17 април оваа година градоначалникот Стефан Богоев јавно го презентираше и извештајот на Државниот завод за ревизија кој се однесува на материјално финансиското работење во кои се наведени голем број законски повреди при работењето во Општина Карпош.
Овој извештај беше доставен и до Основното јавно обвинителство на Република Македонија, како и до Управата за финансиска полиција, велат од Општина Карпош.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

