Црна хроника
На измама зел 348 илјади денари од штипјанка за лечење на нејзината ќерка

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против И.Ц.(44) од Штип за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од април до јуни минатата година во Штип во домот на Ц.К. пријавениот во повеќе наврати, барајќи парични средства за лекување на ќерката на Ц.К., од неа зел вкупно 348 500 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од 21 часот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.
Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.
Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесени во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.
Црна хроника
Уапсен маж од Арачиново: бил баран за издржување казна затвор од четири години

Денеска околу 08:30 часот во с.Арачиново, по преземени оперативно – тактички мерки, полициски службеници го лишиле од слобода А. Б.(40) од Скопје.
Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Малолетник нападнат во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар

Две машки лица нападнале малолетник во автобус на ЈСП.
Случајот во СВР Скопје, вчера во 10.40 часот го пријавила неговата мајка В.Н.(54) од Скопје.
Таа пријавила дека на 16.04.2025 во 23.04 часот во градски автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две машки лица.
Се преземаат мерки за расистување на случајот, соопшти МВР.