Контакт

Свет

Малта во своите територијални води го прими бродот со мигранти кој шест дена чекаше на отворено море

Објавено пред

Германски спасувачки брод со повеќе од 200 мигранти по шест дена чекање во Медитеранот беше примен од Малта.

dobivaj vesti na viber

Бродот се наоѓал на отворено море бидејќи земјите на ЕУ не успеале да договорат план за еднаква дистрибуција на мигранти од бродот.

Малта потврди дека хуманитарниот брод „Лајфлајн“ добил дозвола да влезе во територијалните води на земјата за да биде заштитен од разбрануваното море, но не и дозвола да се закотви на малтешките пристаништа.

Аксел Штајер, портпаролот на невладината организација „Мишн Лајфлајн“, во чија сопственост е бродот, изјави дека временските услови се влошуваат, а дека некои од луѓето на бродот се во лоша здравствена состојба.

Германската хуманитарна група „Лајфлајн“ на својот твитер-профил потврди дека добиле дозвола бродот да навлезе во малтешките територијални води за да се заштитат од силни ветришта.

Дозволата била одобрена од министерот за внатрешни работи, Мајкл Фаруџа, пренесе АП.

Претходно, бродот шест дена бил на отворено море во Медитеранот. Италија вчера изјави дека е постигнат договор за прифаќање на мигрантите и дека бродот ќе пристигне во Малта. Сепак, Малта подоцна посочи дека не постигнала поширок договор кој земјата го бара од државите на ЕУ и дека само четири земји изразиле подготвеност да прифатат дел од мигрантите на бродот.

Мигрантите спасени од бродот „Лајфлајн“ потекнуваат од повеќе африкански земји. Претходно, бродот со мигранти беше одбиен и од Италија.

Регион

Уапсено едно лице осомничено за фрлање бомба во куќата на Здравко Чолиќ

Објавено пред

Од

Полицијата уапси едно лице, С. М. (1993), под сомнение дека фрлил бомба врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње, додека полицијата интензивно трага по вториот осомничен.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја потврди и српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, истакнувајќи дека станува збор за заедничка акција на полицијата, Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информативна агенција, пишува N1info.rs.

Уапсеното лице се товари за кривични дела нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи, како и предизвикување општа опасност како соучесник.

„Постојат основани сомневања дека С.М., заедно со друго барано лице, дошле во семејниот дом на жртвата во Дедиње на 3 февруари годинава околу 4:52 часот наутро, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот“, рече Дачиќ.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Бомбата во дворот на куќата на пејачот била фрлена во раните утрински часови на 3 февруари. Во нападот нема повредени, но има материјална штета. Чолиќ не бил дома во времето на инцидентот, туку бил во Загреб, каде што работи на нов албум.

Во својата прва изјава за медиумите по инцидентот, Чолиќ потврди за ТВ Уна дека неговото семејство е безбедно. „Сè е во ред во Белград, фала му на Бога сите се добро“, рече тој.

 

фото/епа

Прикажи повеќе...

Европа

Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд

Објавено пред

Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.

dobivaj vesti na viber

„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.

Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.

Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.

Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Џиновска фантомска медуза снимена кај Аргентина

Објавено пред

Ретка џиновска фантомска медуза е забележана за време на истражување на длабоко море во близина на Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Научниците направија снимки од Stygiomedusa gigantea, позната и како џиновска фантомска медуза, во Јужниот Атлантски Океан на длабочина од околу 250 метри.

Истражувачите од Океанскиот институт Шмит го документираа необичното морско животно, кое може да порасне до еден метар во дијаметар, додека неговите краци можат да достигнат должина до 10 метри.

Четирите долги краци, кои личат на розови ленти, не се убоди како повеќето медузи. Наместо тоа, тие се користат за фаќање плен, првенствено риби и планктон, според Институтот.

Покрај снимките од ретката медуза, научниот тим откри и 28 потенцијално нови видови за време на експедицијата, вклучувајќи корали, морски ежови и морски анемони.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија1 час

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија1 час

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет1 час

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет2 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет4 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет4 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет4 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет4 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа4 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија17 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија19 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија19 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија22 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија22 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија24 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија24 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија24 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија1 ден

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...