Македонија
Мицкоски: Нема да учествуваме на седниците каде што ќе се расправа за „капитулантскиот договор“ на Заев

Граѓаните и без извештајот живеат лошо, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција во партиското седиште во Скопје.
„ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за системските закони. Неуспехот во планот 3-6-9 нема да го покрие ‘капитулантскиот договор’ на Заев, кој ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи“, рече првиот човек на најголемата опозициска партија, порачувајќи ѝ на власта да се фати за работа.
Мицкоски додаде дека судството е политизирано, а полицијата функционира под диктат на власта.На прашање за став на ВМРО-ДПМНЕ за можниот референдум, Мицкоски рече дека не би одговарал на хипотетички прашања.
„Нема да учествуваме во работата на седниците каде што ќе се расправа за капитулантскиот договор на Заев“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)