Спорт
Сампаоли барал дозвола од Меси за да го внесе во игра Агуеро (Видео)
Сампаоли барал дозвола од Меси за да го внесе во игра Агуеро (Видео)
Селекторот на Аргентина Хорхе Сампаоли во текот на натпреварот против Нигерија го прашал Лионел Меси дали да го внесе на теренот Серхио Агуеро.
На видео снимките што се појавија на со…


Сампаоли барал дозвола од Меси за да го внесе во игра Агуеро (Видео)
Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, во текот на натпреварот со Нигерија го прашал Лионел Меси дали да го внесе на теренот Серхио Агуеро.
На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи се забележува како Самаполи во паника го прашува Меси: „Дали да го внесам Кун?“ Во тој момент резултатот на натпреварот беше 1:1.
Напаѓачот на Манчестер сити влезе во игра во 80.минута, шест минути пред Рохо да го постигне решавачкиот гол.
Messi passed a message to an Argentinian coach on the bench. Manager Jorge Sampaoli asks Messi: “Are you bringing on Kun Aguero?” pic.twitter.com/DQTjzPnRQ5
— FIFA World Cup (@WorIdCupUpdates) June 27, 2018
Исто така, пред почетокот на вториот дел Меси без присуство на Сампаоли, им држеше некаков говор на соиграчите.
Ова се случува во моментите кога аргентинските медиуми пишуваат дека редот во соблекувалната го држат Меси и Мачерано, односно дека Сампаоли нема никаква контрола.
Аргентина во осмина-финалето ќе игра против Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фрлена бомба во куќата на Јуси Бенајун

Еден од најпознатите израелски фудбалери Јуси Бенаџун преживеа бомбашки напад на неговата куќа во својата татковина.
Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Арсенал и Челзи бил во својот дом со семејството кога мотоциклист излегол пред куќата и фрлил бомба на вратата.
Експлозијата предизвикала пожар, а напаѓачот побегнал од местото во областа Рамат Харашон, северно од Тел Авив.
Сето тоа се случило во неделата околу 23.00 часот, а полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на терен, а пожарот брзо бил изгаснат. Нема повредени.
Полицијата соопшти дека овој случај го истражува како криминален напад, а не како терористички акт.
Бенајун бил во шок, но потоа дал изјава дека верува дека тој не бил целта, туку дека напаѓачот ја згрешил куќата.
Спорт
Хуманитарент натпревар Бугарија-Македонија на 27. април во Варна

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хуманитарен натпревар во Варна.
Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април (17:00 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија.
Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани. Целиот приход ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани.
Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, односно славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, потоа Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, од помладата генерација Валери Божинов.
Македонската репрезентација е во состав со фудбалери од првата репрезентативна генерација, Илија Најдоски, Канатларовски, Мицевски, Марковски, Станковски, Мемеди, Бошковски…Горан Пандев, Агим Ибраими, Христов и Шаќири се дел од нашите легенди од поновата генерација. На хуманитарниот меч во нашиот состав ќе бидат Дарко Тасевски и Ванчо Трајанов кои оставија белег во бугарскиот клупски фудбал.
Ѓоко Хаџиевски е селектор на македонската репрезентација, а Димитар Пенев е предводник на Бугарија.
На спортскиот натпревар ќе му претходи хуманитарна програма во која ќе настапат популарни изведувачи, која ќе започне во 15:00 часот.
Овој гест на солидарност претставува силна порака за човечност и заедништво и симбол на пријателство, спортски дух и заедничка хуманост.
Спорт
Сане останува во Баерн

Лерој Сане најверојатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен.
Како што пишува Флоријан Платенберг, новинар на „Скај Спортс Германија“, 29-годишниот напаѓач ги договорил условите за продолжување на соработката со Баварците.
Поранешниот играч на Шалке и Манчестер сити е среќен во Баерн, но во медиумите се појави информација дека добил понуда од Арсенал.
Сане оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 гола со пет асистенции.