Контакт

Книги

Промоција на првата „Македонска рок-енциклопедија“ во Кавадарци

Објавено пред

Денеска со почеток од 20 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржи промоција на првата „Македонска рок-енциклопедија“ од авторот Тошо Филиповски.

dobivaj vesti na viber

Извонредната можност рокерите и љубителите на македонската рок-музика од Кавадарци и Тиквешијата, од прва рака да се запознаат со ова оригинално енциклопедиско издание е резултат на долгогодишна работа на авторот. Инаку, Тошо Филиповски е долгогодишен музички новинар и водител на култни музички програми, со особен осврт на македонската рок-музика. Организатор на рок-концерти и фестивали и редок и извонреден хроничар на македонската рок-музика.

Кавадаречките љубители на рок-музиката особено ќе бидат заинтересирани за кавадаречкиот дел од рок-енциклопедијата, кој секако го има во доволна мера и на радост на музичарите.

Содржински промоцијата на првата „Македонска рок-енциклопедија“, освен приказните на Тошо Филиповски, ќе донесе меѓу другото и мал осврт на познавачите на кавадаречките рок-услови, потоа специјално подготвена свирка на двајца извонредни рок-гитаристи Ристе Димитров (Smoke Shakers/Bad-Ass-All) и Виктор Кимов (Leksikon), како и документарец за македонската рок-музика од шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, во авторство на Аљпша Симјановски.

Авторот на првата „Македонска рок-енциклопедија“, Тошо Филиповски, ќе се задржи во разговор со присутната публика и секако во потпишување на примероците на енциклопедијата.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Со јапонски искуства ќе се трансформира системот за управување со кризи и заштита и спасување, Ангелов ја заврши посетата на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко...

Македонија19 минути

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката...

Топ29 минути

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Полицијата изврши претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пришто пронајдени се оружје и муниција, а приведени четири...

Македонија46 минути

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј ни ја подарија не само глаголицата, туку со неа изградија силен сесловенски културен и цивилизациски темел

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Дозволете ми...

Македонија1 час

СДСМ: Вистината излезе на виделина за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за Филипче

Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го...

Македонија2 часа

Семејствата на жртвите во „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата...

Македонија3 часа

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто...

Македонија3 часа

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува...

Европа15 часа

(Видео) Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а...

Регион15 часа

(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град....

Топ16 часа

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две...

Македонија17 часа

(Фото) Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена...

Свет17 часа

Реакции на заканата од Трамп: Американските производители на виски, француската козметика и германската хемиска индустрија повикуваат на ублажување на тензиите

Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за...

Македонија18 часа

Временска прогноза за викендов: дожд, грмежи, засилен ветер и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни...

Македонија19 часа

Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај)...

Македонија19 часа

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во...

Македонија20 часа

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега...

Македонија22 часа

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на...

Македонија22 часа

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските...

Македонија23 часа

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè...