Македонија
Мијалков: Не сум виновен

Обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, рече дека го разбрал обвинението, но дека не се чувствува виновен.
„Не сум виновен“, рече Мијалков во судницата, а истото го изјавија и Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски.
Рекоа дека разбрале за што се обвинети, но дека не се чувствуваат виновни. Обвинителот од СЈО, Артан Ајро, го даде воведниот говор за обвинението за случајот „Трезор”.
Ова е прво изјаснување на Мијалков за признание на вина за случаите за кои го обвинува СЈО.
Воведни говори даваат адвокатите на обвинетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа.
Македонија
Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.