Македонија
Има некоја роба стигната за МВР, кажи им да не ја рчкаат, му вели Миjалков на брат му Влатко

Во кривичниот суд во Скопје, беа репродуцирани 4 необјавени бомби во предметот „Трезор“. Во првиот разговор, од 2010 година, ексминистерката Гордана Јанкулоска му потврдува на Зоран Ставрески дека фирмата за набавка на софтверот за потребите на МВР, била „Финзи“.
„Несакајќи ќе дознаеш еден куп работи“, му вели Јанкулоска на Ставрески,додавајќи дека фирмата е домашна. Ставрески и’ одговора дека и тој работел финансии, а немало пари во буџетот.
Во вториот разговор меѓу Сашо и Влатко Мијалков од 2011 година, екс-шефот на УБК му кажува на брат му кој раководеше со Царина, да не ја чепкаат опремата од „Финзи“ која стигнала на аеродромот.
„Има некоја опрема стигната за МВР. На аеродром е. Кажи им да не ја рчкаат“, вели Мијалков.
Последниот разговор е меѓу Саша Глишиќ и Влатко Мијалков, во кој братот на Мијалков му кажува на вработениот во Царината да не ја отвораат опремата.
„Стај ја таму на црвен канал“, му наредува Влатко на Глишиќ. Следното рочиште за „Трезор“ со доказната постапка е закажано на 10 септември.
Првообвинет во „Трезор“ е Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет. Случајот на специјалното јавно обвинителство се однесува на злоупотреба на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).