Македонија
(Видео) Беса: Власта ја зема правдата во свои раце за да ја потисне албанската опозиција
Сè додека имаме власт која ја зема правдата во свои раце со цел потиснување на албанската опизиција далеку сме од членство во Европската Унија, обвини Кастриот Реџепи од Движењето Беса на чело со Африм Гаши. Тој апелираше до власта да се откаже од, како што рече, политичките влијанија и да се ангажира за вистинско реформирање на судскиот систем.
„Примери за судската неефикасност и за судство контролирано од власта се случајот ‘Алфа’ каде невини лица се во затвор иако има доказ дека не се сторители, потоа случајот за Алмир каде противправно се преквалификуваше делото. Исто така, пример за неефикасност на судството има и во случајот со нападот врз пратениците од 27 април минатата година каде обвинението за едно лице за напад врз пратеник од обид за убиство е сменето во учество во толпа“, рече Реџепи.
Според него, правен преседан е и случајот за Движењето Беса, кој, според него, власта намерно го одолговлекува.
„Со приклучување на едната Беса во власт, нè ставија во судски лавиринти и власта намерно го одолговлекува процесот за нас како опозиција да ни се наштети сакајќи целосно нашата енергија да ја пренасочиме кон правната битка“, рече Реџепи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во вториот круг 19.287 неважечки ливчиња, само во Скопје над 10.000
Во вториот круг од локалните избори што се одржа вчера во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња или околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.
Само во Град Скопје се евидентирани 10.528 неважечки ливчиња. За градоначалник на главниот град гласале 167.575 гласачи,. Вкупен број на важечки гласачки ливчиња е 157.047.
Излезноста во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, а на ниво на сите општини во кои имаше втор круг таа беше 47,16 проценти.
Македонија
Временска најава: Од попладне дожд, грмежи и северен ветер
Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15л/м2) и ќе има услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60км/ч.), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Во Скопје, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Утре без вода делови од Центар
Дел од корисниците на општина Центар утре ќе останат без вода.
„Поради промена на шибер во шахта на ул.Тасино Чешмиче бб (Градинка Кочо Рацин), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Тасино Чешмиче од 09:00 часот до завршување (општина Центар) и поради уличен дефект ф 200 мм на Бул.Партизански Одреди спроти Соборен Храм (Паркинг ЈАТ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул.Максим Горки до Бул.Партизански Одреди и дел од Бул.Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување“, соопшти Центарот за управување со кризи.

