Европа
Меркел договори враќање на дел од мигрантите во Шпанија и Грција

Германија постигна договор со Шпанија и со Грција за враќање на мигрантите кои првично биле регистрирани во тие две земји, додека со Италија таков договор не е направен.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, на крајот на Самитот на ЕУ во Брисел рече дека владите во Мадрид и во Атина се согласиле повторно да ги примат мигрантите, директно од германските граници.
„Со овие две држави дополнително ќе разговараме за тоа како ќе им се помогне откако ќе ги прифатат мигрантите“, посочи Меркел.
Од друга страна, италијанскиот премиер, Џузепе Конте, истакна дека договорот за миграција не предвидува Италија да ги прими назад мигрантите кои оттаму веќе заминале во Германија.
„Не потпишав никаков посебен договор со Меркел за враќање на мигрантите“, наведе Конте во Брисел.
Германската канцеларка денешниот договор на Самитот на ЕУ го оцени како одлучен чекор во правец на заедничка европска политика за азилот.
„Тоа што овде го постигнавме најверојатно е повеќе отколку што очекував. Не сме на крај од патот, посочи Меркел и додаде дека е убедена оти ЕУ е поблиску до можно европско решение за мигрантската криза. Германската канцеларка истакна и дека за резултатите од Самитот уште вечерва ќе разговара со своите коалициски партнери, кои и поставија услов што побрзо да пронајде решение за миграцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кардиналите денеска ќе разговараат за погребот на папата Франциско

Неколку кардинали денеска ќе се сретнат во Рим за да разговараат за деталите од погребот на папата Франциско, откако тој почина во понеделникот на Велигден на 88-годишна возраст.
Кардиналите ќе одлучат за точното време на погребот на починатиот поглавар на Католичката црква, што обично се случува четири до шест дена по смртта.
Иако е вообичаено покојниот папа да биде погребан во базиликата Свети Петар, Франциско се очекува да биде погребан надвор од Ватикан во базиликата Света Марија Велика, едно од неговите омилени места.
На погребот се очекува да присуствуваат шефови на држави и влади од целиот свет.
Телото на Франциско моментално сè уште лежи во капелата во Санта Марта, неговата резиденција во Ватикан. Телото потоа најверојатно утре ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе имаат можност да му оддадат последна почит, соопшти Ватикан.
Папата Франциско, кој 12 години ја водеше Католичката црква, почина во понеделник во Велигден во 7 часот и 35 минути, откако доживеа мозочен удар, соопшти Ватикан.
Како духовен водач на 1,4 милијарди католици во светот, Хорхе Марио Бергољо беше првиот папа од Латинска Америка, првиот језуит и првиот што го добил името по свети Францис Асишки, средновековен монах кој живеел во сиромаштија.
Лидерите од целиот свет му оддадоа почит на папата Франциско по неговата смрт, пофалувајќи го за неговата понизност и сочувство.
Европа
Што прави папата?

Кардиналите ќе се состанат на конклава по смртта на папата Франциско за да го изберат неговиот наследник – но кои се вистинските должности и овластувања на поглаварот на Католичката црква? Зборот папа доаѓа од грчкиот „pappas“ што значи „татко, патријарх“. Поради оваа причина, верниците го нарекуваат и „Свети Отец“.
Управител на Црквата
Сметан за наследник на Свети Петар, на кого Христос му ја доверил мисијата за управување со Црквата, папата е духовен водач на повеќе од 1,4 милијарди католици ширум светот. Неговата улога е да ја зачува и поучува христијанската вера, да ги толкува евангелијата и да го обезбеди единството на Црквата.
Шефот на државата
Папата е и шеф на државата Ватикан, независна држава опкружена со Рим, која со 44 хектари е најмалата во светот. Во ова својство, папата има апсолутна власт – извршна, законодавна и судска.
Папите ги примаат шефовите на држави на „приватна аудиенција“ што овозможува размена на мислења за актуелни теми или позиции на Светата столица, која како духовна и административна власт за римокатолиците во светот има статус на суверен субјект според меѓународното право.
Доктрина и учење
Папата пишува документи како што се енциклики или апостолски опомени, со што ги одредува доктринските и моралните прашања, ги води верниците и ја реформира Црквата. Во дванаесетте години од неговиот понтификат, Франциско на тој начин го отвори патот за благослов на истополовите парови, ги ограничи латинските миси и презеде мерки за борба против сексуалното насилство во Црквата.
Папата има и учителска мисија преку своите говори. Покрај тоа што проповеда на миси, тој секоја среда наутро во Ватикан одржува јавни катехези за време на неделната општа аудиенција.
Именувања
Папата го има последниот збор во назначувањето епископи во епархиите ширум светот, од кои има приближно три илјади. Папата назначува и кардинали, а оние помлади од 80 години го избираат неговиот наследник. Неговиот збор е конечен дури и во именување на блажените и светителите. Може да свикува и синоди – собири на лаици и верски поглавари на кои ќе разговараат за одредени теми.
Патувања
Покрај тоа, тој патува низ светот за да се сретне со верниците, одговарајќи на официјалните покани од шефовите на држави. Најголем патник бил папата Јован Павле Втори кој во своите 26 години понтификат остварил 104 патувања во странство. Вториот е Франциско со 47 патувања.
Римски бискуп
Папата, покрај тоа што е поглавар на целата Католичка црква, е и водач на својата епархија, Римската епархија. Поради сите обврски, оваа должност најчесто се делегира на генералниот викар. И покрај тоа, папата учествува во животот на локалната црква, редовно појавувајќи се во црквите во главниот град на Италија за време на големите празници.
Европа
(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост.
На снимката објавена од Ватикан се гледа кардиналот Кевин Џозеф Фарел, камерленгото, како гледа како службеник на Ватикан става црвена лента на вратата од резиденцијата на папата, ја врзува, а потоа става восочен печат на лентата. После тоа, Фарел ја проверува пломбата и се уверува дека вратата е цврсто затворена.
The papal apartments in the Apostolic Palace — unused during Pope Francis’ pontificate — have been officially sealed by Cardinal camerlengo Kevin Farrell following the Pope’s death. This act marks the beginning of the “sede vacante” period, during which the See of Peter remains… pic.twitter.com/p3PcYqN050
— EWTN Vatican (@EWTNVatican) April 21, 2025
Запечатувањето на папската резиденција е традиционален обред што го изведува камерленго, привремениот управител на Ватикан, а историски служел за да се спречи ограбувањето на папските одаи.
Овој чин го симболизира официјалниот крај на понтификатот на папата Франциско и почетокот на периодот на седисвакација – период без папа.