Македонија
Царовска: Во Визбегово ќе се гради населба за бездомни, а не камп за мигранти

Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бедомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти, тврди министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа на социјалната мрежа Фејсбук сподели статус во кој апелира граѓаните да не наседнуваат на лажните информации.
„ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови. Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бедомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти“, апелира Царовска.
Според неа, оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе 80 лица кои живееја во на улица. „Очигледно паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е преголема па се спремни ваквите хумани решенија да ги злоупотребуваат. Повторно јасно порачуваме – бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја“, тврди таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.