Македонија
Акција на полицијата во неколку ноќни клубови во Скопје
Синоќа полициски службеници упаднале во неколку ноќни клубови во Скопје и ги легитимирале посетителите. Некои од нив, револтирани од односот на полицијата објавија реакции на социјалните мрежи.
Меѓу клубовите е и „Сектор 909“. Посетители пишуваат дека полицајци со автоматско оружје барале да се исклучи музиката во „Сектор“. „Макфакс“ го контактираше МВР, но оттаму изјавија дека соопштение ќе испратат во текот на денот.
На „Фејсбук“ се огласи и еден од сопствениците на ноќните клубови во кои бил извршен упад, Огнен Узуновски кој напиша: „Татко ми вика цел живот: „Сине ќе те учи работата, така да сигурен сум дека е у право ‘ќе нè учи работата’. Јас Огнен Узуновски не се осеќам како криминалец и Сектор 909 не е само едно обично диско, туку е еден начин на ‘живот’. Не можете да нè сопрете, тука има многу љубов… Со ова вечерва, сами Вие (знаете на кој се обраќам) треба да размислите дека ако #немаправданемамир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

