Вести
Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Калифорнија

Разгневената толпа фрлала предмети врз полицијата којашто возвратила ноќта кон понеделникот, втора ноќ по ред, од судирите во северна Калифорнија, чиј директен повод е ослободувањето од одговорност на бел њујоршки полициски офицер кој со зафат забранет од пред 20 години задушил афроамериканец кој боледувал од астма.
Разгневената толпа фрлала предмети врз полицијата којашто возвратила ноќта кон понеделникот, втора ноќ по ред, од судирите во северна Калифорнија, чиј директен повод е ослободувањето од одговорност на бел њујоршки полициски офицер кој со зафат забранет од пред 20 години задушил афроамериканец кој боледувал од астма.
Полицијата соопшти дека употребила солзавец, откако била цел на „експлозив“. Тргнала во расчистување на сообраќајниците, бидејќи демонстрантите ги преплавиле надвозниците на две локации во Беркли.
Полицијата уапсила неколку демонстранти од групата од околу 500 луѓе. Повеќе продавници во градот се ограбени, а еден од демонстрантите кој сакал да спречи грабеж бил нападната, се наведува во соопштението на локалната полиција.
Во неколку американски градови секојдневно се одржуваат протести по одлуките на големите пороти во Њујорк и претходно во гратчето Фергусон, предградие на Сен Луис, да ги ослободат од судски процеси белите полицајци кои се одговорни за смртните случаи на 43-годишен афроамериканец, односно 18-годишен црн тинејџер.
На ова се надоврза и полициско убиство, трето во последните четири месеци, на 12-годишно црно момче во Кливленд кое држело пиштол играчка кој наликувал на вистински, што предизвика силни реакции од афроамериканската заедница, групите за заштита на човековите права но и од политичкиот естаблишмент.
Според нив, како што потврди и претседателот Барак Обама, расизмот кој доминира во односот меѓу американската полиција и припадниците на заедниците од другите раси и етнички групи, повеќето црнечки и хиспаноамерикански, е структурен проблем ширум САД. /крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.