Спорт
Енди Мареј, сепак, нема сили за Вимблдон
Сер Енди Мареј се повлече од Вимблдон бидејќи смета дека е преризично да игра мечеви во пет сета во овој дел од неговото опоравување од повредата на колкот.
Шкотланѓанецот пропушти 11 месеци по операцијата на колкот, и двократниот шампион од „Ол Инглан…
Сер Енди Мареј се повлече од Вимблдон бидејќи смета дека е преризично да игра мечеви во пет сета во овој дел од неговото опоравување од повредата на колкот.
Шкотланѓанецот пропушти 11 месеци по операцијата на колкот, и двократниот шампион од „Ол Ингланд клубот“ се врати на тенисот со настап на Квинс Клаб турнирот пред две недели, кога загуби во првото коло од Ник Кирјос. Оваа недела тој стигна до второто коло во Истбурн, пред да загуби од сонародникот Кајл Едмунд.
„Со тешко срце објавувам дека нема да играм на Вимблдон оваа година. Направив голем прогрес на тренинзите и на мечевите во последните 10 дена, но по долга дискусија со мојот тим, решив дека мечевите во пет сета се премногу во овој дел од опоравувањето. Направив сѐ што можев да се вратам, но сега почнувам со работа на хардкорт подлога за да можам да играм во американската сезона“, вели Мареј.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА му го одзеде финалето на Лигата на шампионите на „Сан Сиро“, се бара нов домаќин
Финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2027 година нема да се одигра на миланскиот Сан Сиро, како што беше првично планирано, официјално соопшти УЕФА.
По состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, така одлучија челниците на европската чадор фудбалска организација бидејќи градот Милан не можеше да гарантира дека дотогаш ќе биде завршено реновирањето на стадионот и неговата околина.
Во исто време, УЕФА најави дека повторно ќе го отвори натпреварувањето со цел да се најде соодветен домаќин и локација за тој финален натпревар. Одлуката за домаќинот најверојатно ќе следи во мај или јуни следната година. Финалето на тековната сезона во Лигата на шампионите ќе се одржи на минхенската „Алијанц Арена“ на 31 мај следната година, додека Будимпешта ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите една сезона подоцна.
Спорт
Пешиќ останува селектор на Србија
Искусниот кошаркарски стручњак, Светислав Пешиќ, ќе остане селектор на Србија.
Трофејниот стручњак, кој неодамна ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри, има истечен договор, но тој ќе биде продолжен по изборот на нов претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Пешиќ неодамна имал средба со новиот претседател на КСС, Небојша Човиќ, при што двајцата договориле соработка во наредните години, пишува српскиот весник „Курир“.
Неодамна Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ разговараа за тоа како би било добро Светислав Пешиќ да остане на српската клупа, а се чини дека нивната желба ќе биде остварена.
Спорт
ЕХФ доживотно суспендираше српски судии поради местење натпревари
Двајцата српски ракометни судии, Александар Панџиќ и Иван Мошорински, добија доживотна суспензија поради местење натпревари.
Имено, како што пренесува „HandNews“, портал специјализиран за ракомет, српските судии Панџиќ и Мошорински се доживотно суспендирани од сите активности на ЕХФ.
Причината поради која е донесена оваа одлука е тоа што тие биле вклучени во местење натпревари, тврди „HandNews“.
Двајца судии добија доживотна суспензија бидејќи биле вмешани во местење натпревари на Европското првенство во ракомет.
Истиот додава дека покрај доживотна суспензија, биле казнети и парично со по 2.000 евра.
Се додава дека судиите не се појавијле на рочиштето, но барањето на ЕХФ ило прифатено и тие и официјално се избришани од списоците на функционери на ЕХФ за натпреварите што се организираат.
Останува да видиме дали и ќе ги суспендира и Ракометниот сојуз на Србија.
🇪🇺 #EHF
👨⚖️ Le binôme d'arbitres 🇷🇸 impliqué dans l'affaire des matchs truqués radiés à vie par l'EHF 😯
👉 https://t.co/21PEkNDcY8 pic.twitter.com/BbSGAi1oQ3
— HandNews (@HandNewsfr) September 24, 2024