Црна хроника
Дваесет и четири сообраќајни несреќи викендов во Скопје
Во текот на викендов на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 24 сообраќајни незгоди од кои 10 со телесни повреди и 14 со материјална штета.
301 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 59 возачи бидејќи пет го управувале возилото под дејство на алкохол, 42 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 12 биле возачи почетници. 40 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Исто така, санкционирани се шест возачи кои поминале на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и 18 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се 10 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шест кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 146 мандатни платни налози, додека исто така 103 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.