Контакт

Вести

Путин: САД не сакаат да ја понижат Русија, туку да ја потчинат

Објавено пред

Соединетите држави не сакаат само да ја понижат Русија, туку и да ја потчинат, но тоа никому не му пошло од рака, рече во средата рускиот претседател Владимир Путин, и порача дека Москва сепак е подготвена да соработува со Вашингтон на рамноправна основа.

dobivaj vesti na viber

„Тие не сакаат само да нé понижат, туку да нé потчинат. Тие сакаат за наша сметка да ги решат своите проблеми, сакаат да нé стават под нивното влијание. Никому и никогаш во историјата во односите со Русија такво нешто не му се остварило, и никому нема да му се оствари“, изјави рускиот претседател Владимир Путин коментирајќи го излагањето на еден од учесниците на „Форумот за акција“ дека САД имаат намера да ја понижат Русија, пренесува РИА Новости.

Истовремено Путин истакна дека САД успеваат под свое влијание да ги потчинат сојузниците на Вашингтон „или, како што кај нас се вели со грубиот јазик на паролите – своите сателити“.

„За жал, сега се испоставува дека многу од сојузниците на САД трпат штети, тоа се апсолутно очигледни работи, на сопствените национални интереси заштитувајќи туѓи национални интереси од непознати причини и со нејасна перспектива“, додаде Путин во врска со санкциите што САД ги воведе против Русија во врска со украинската криза на што ја повика и им се придружи и Европската унија.

Претходно во средата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во говорот пред пратениците од долниот дом на рускиот парламент – Државната Дума, го обвини Вашингтон дека испраќа емисари во многу држави низ светот со барање да се придружат врз санкциите против Русија, за да се добие впечаток на целосна изолираност на Москва и вршење притисок врз неа.

„Неодамна во Пекинг (на самитот на APEC), директно му се обратив во врска со санкциите на државниот секретар Џон Кери во врска со тоа дека претставници на САД патуваат низ светот, и оти не постои влада на којашто не и’ се обратиле и не побарале од неа да ги поддржи санкциите против Руската Федерација“, рече шефот на руската дипломатија.

Притоа Лавров истакна дека „во огромен број случаи тие трикови не минуваат, но срамен е, барем за мене, самиот факт што една велесила се занимава со такво нешто, трча по целиот свет и ги принудува сите да го следат нејзиниот курс“.

Во својот говор на церемонијата на врачување награди за странските амбасадори во Москва, исто така во средата, Путин дополни дека Русија, сепак, е подготвена да соработува со САД во различни области врз принципот на рамноправност.

„Подготвени сме за практична соработка со американските партнери во различни сфери, којашто ќе почива на заемното почитување на заемните интереси и немешањето во внатрешните работи“, порача рускиот челник./крај/мф/сн.

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје7 часа

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет9 часа

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ9 часа

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија11 часа

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет13 часа

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет13 часа

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ14 часа

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија15 часа

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ15 часа

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...

Македонија17 часа

СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди –...

Македонија17 часа

Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните...

Свет1 ден

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...

Свет1 ден

Зеленски не планира да му се извини на Трамп за расправијата во Овалната соба

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нема да му се извини на претседателот на САД Доналд Трамп по нивниот корисен разговор во...

Топ1 ден

Двајца возачи загинаа на патот Штип-Кочани

Две лица го загубија животот во тешка собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани што се случи попладнево. Според информациите од...

Македонија1 ден

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Собранието ја одржа 39. седница, тематски посветена на статусот и правата...

Свет1 ден

Целосен пресврт – Трамп и се закани на Русија со остри мерки до мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз...

Македонија1 ден

Болните не треба да плаќаат паркинг, Таравари и Владата да ги заштитат граѓаните, а не приватникот, има решенија, вели Лазаревски, експертот за ЈПП

Договор во кој приватникот треба да изгради две монтажни катни гаражи и да одвојува еден отсто од годишниот приход за...

Економија1 ден

Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

Кај осум правни субјекти пазарната инспекција констатирала целосно непоичитување на владините мерки од кои три маркети, една аптека и три...

Македонија2 дена

Филков: Не смееме да дозволиме жртвите на кривични дела со насилство да останат без заштита, а насилниците да бидат неказнети

На третиот правосуден форум за родова рамноправност на Западен Балкан, министерот за правда, Игор Филков, порача дека нема напредок во...