Македонија
(Видео) Заев: Реакциите за акцијата во дискотеките е доказ дека законот важи за сите

Реакциите по акцијата во дискотеките што се случи викендов е доказ дека законот важи за сите, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. Тој рече дека ниту една од дискотеките каде што е извршена акција немала лиценца, а во текот на рацијата кај неколку гости биле пронајдени дрога и оружје.
Заев рече дека дека ако некој полицаец постапил незаконски, ќе биде санкциониран. Но досега, рече тој, нема доказ за нешто такво.
Пратениците од власта, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, вчера на „Фејсбук“ реагираа на полициската рација во скопските локали и апсењето на сопственикот на „Сектор 909“, Огнен Узуновски. Богоевски порача дека заедно со пратеничката Туфегчиќ ќе ги искористат, како што напиша, сите механизми што ги имаат на располагање за јавноста да дознае за оправданоста на овие рации.
Во саботата вечерта полициски службеници упаднале во неколку ноќни клубови во Скопје и ги легитимирале посетителите. Некои од нив, револтирани од односот на полицијата објавија реакции на социјалните мрежи. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека полицијата не употребила сила, а акцијата била спроведена според прописите и правилата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.