Македонија
(Видео) Јовановски: Вие сте предавници, безрбетници кои го продадоа светото име

Срам е ако си го смениме името од кое се плашат како од чума. Јас не познавам друг народ кој толку страдал од своите предавници како Македонија. Се надевам нема да се препознаат луѓето овде, или секоја сличност е измислена, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, денеска во Собранието.
„Вашето предавство е потпишано од проколната рака. Вие сте предавници, вие сте безрбетници што го продадоаа светото име за власт. Вие сте Јуда. Медиумите ова во целост да го пренесат“, рече Јовановски и го праша Заев што мислел додека се колнел дека нема да го промени Уставот.
Првиот човек на Владата му одговори на Јовановски дека сета негова ништожност потврдува каков карактер е и му рече дека поради коцка и комар од него зеле пари, а сега зборуваат за патриотизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Македонија
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце

Центарот за управување со кризи денеска попладне добил пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште.
Веднаш за настанот биле известени полициските станици Гостивар и Галате.
„Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице“, информираат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека лицето ќе биде транспортирaно до Клинички центар за укажување на понатамошна медицинска помош.
Македонија
Андоновски: Македонија прва од регионот ќе ги исполни условите за „роаминг како дома“

Земјите од Западен балкан на претстојниот Дигитален самит кој ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје ќе усвојат заедничка изјава со повик кон Европската Унија да се забрза процесот „роаминг како дома“ и нула трошоци за интернет за нашите граѓани во ЕУ.
Унијата пред еден месец излезе со патоказ што треба да го исполниме како држави за да пристапиме кон оваа зона, но потребна е активност и од нејзина страна.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вели дека Македонија ќе ги заврши своите обврски до декември годинава и очекува наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани.
„Главна беше измената на Законот за електронски комуникации за исполнување на клучните регулативи и директиви на ЕУ што ние веќе го направивме летово. Остануваат уште неколу подзаконски акти што треба да ги завршиме до крајот на годинава и со тоа ќе ги исполниме условите. Во напредна фаза сме, го изработивме нашиот Акциски план и мислам дека ќе бидеме први од регионот“, кажа Андоновски.