Економија
Анѓушев: „Југохром“ ќе проработи само кога ќе се постави филтер
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања рече дека „Југохром“ ќе проработи откако и само кога ќе се постави филтер. Тој потенцира дека металуршкиот комбинат ќе се рестартира во оној момент кога ќе добие А-интегрирана еколошка дозвола за работа.
„Владата покажа добра волја и подготвеност да се помогне на компанијата во процесот на изградба на системот за отпрашување, односно да асистира во процесот на подигнување заем на ‘Југохром’ од Македонската банка за поддршка на развојот, процес во кој сепак и самото раководство на компанијата треба да покаже подготвеност, да вложи дополнителни 1 милион евра, за да се реши целата ситуација. Доколку таксативно се направат сите услови и околности според коишто треба да проработи Југохром, но тие да не се на штета на граѓаните, ‘Југохром’ ќе работи и ќе придонесува за регионот и за економијата, а ние како држава и како влада ќе му помогнеме да ја исполни обврска и да постави филтер. Да, економијата е важна, Полошкиот Регион е со понизок степен на вработеност, но здравјето на граѓаните нема цена и тоа е најважно, а по тоа доаѓа економијата. Ние како влада ќе се грижиме и за едното и за другото. Очекувам ‘Југохром’ да биде во функција до крајот на годината, но со сите соодветни промени и исполнување на сите еколошки стандарди. Затоа, нема потреба од загриженост за граѓаните или на еколошките здруженија“, рече вицепремиерот Анѓушев.
Тој додаде дека во интерес на вработените во компанијата и на регионот е металуршкиот комбинат да почне со работа, но дека тоа мора да се одвива согласно со позитивните законски прописи за заштита на здравјето на граѓаните и заштита на животната средина, заклучи вицепремиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)