Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Ако Џафери и Костовски го објават договорот без потпис на Иванов, ќе се соочат со затвор

Ако Талат Џафери и директорот на „Службен весник“, Мартин Костовски, го објават договорот без потпис на Иванов, ќе се соочат со затвор, изјави денеска пред судот Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Џафери и Костовски најавувајќи дека ќе ги објават во ‘Службениот весник’ без потпис од претседателот Иванов законите за ратификација на срамниот договор помеѓу Република Македонија и Грција, како и законот за јазици, ќе го прекршат најсрамно законот и Уставот. На Џафери и Костовски, доколку го направат истото за едниот закон, им се заканува затворска казна од најмалку 5 и пол години за злоупотреба на службената должност и самовластие, а исто така толкава затворска казна им се заканува и за другиот закон доколку го објават во ‘Службениот весник’ без потпис од претседателот Иванов“, рече Арсовски.
Тој рече дека доколку доколку дојде до тоа, двајцата не само што ќе бидат оспорени пред Уставниот суд туку тие и ќе се соочат со затворска казна од најмалку 11 години по човек.
„Да ги потсетиме Костовски и Џафери дека кривичното дело што е сторено никогаш не застарува.Државните и јавните функционери се избрани да го почитуваат законот и да работат според него. Во спротивно, ние ќе ги искористиме сите правни можности и мерки да бидат истите соодветно казнети“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.