Топ
Помпео на нова средба со Ким, трета за три месеци

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се подготвува неделава повторно да ја посети Северна Кореја.
Од друга страна, експертите предупредуваат дека плановите на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, кои се однесуваат на тоа во рок од една година да се уништи севернокорејската програма за нуклеарно оружје, истовремено се нерални и ризични, пренесува „АП“.
Стејт департментот објави дека Помпео в петок, на 6 јули. ќе пристигне во посета на Пјонгјанг, трета во период од три месеци. Ова ќе биде, сепак, прва посета по средбата на високо ниво помеѓу лидерите на двете земји, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, што се одржа на 12 јуни во Сингапур, на којашто Ким се обврза на целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина на градот Арак, околу 230 километри југозападно од Техеран.
Сликите од 18 и 19 јуни покажуваат сериозна штета на главната купола на реакторот. Најновата слика јасно покажува голема дупка на врвот од структурата, додека фотографија направена еден ден претходно ја покажува куполата недопрена.
Покрај самата купола, оштетени се и други делови од објектот. Најмалку две кули се делумно уништени, додека две блиски структури се речиси целосно уништени. И Израел и Иран денес потврдија дека реакторот Арак бил цел на нападот.
Свет
Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Во разговор со новинарите денес, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се осврна на пораката од самиот Трамп во која се вели:
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели.“
Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.