Македонија
Ненов: Се злоупотребуваат судски печати за штанцање платни налози
Граѓанинот последен дознава дека должи, дури кога му е блокирана сметката, тоа е проблем на системот кој треба да се исправи, велат од здружението „Но пасаран“ .
-Во законот пишува што е доверител што е должник, а нема одредба дека треба да има договор. Има компании кои ве стваат во должничко ропство без договор. Се злоупотребуваат судски печати и се штанцаат нотарски платни налози за кој граѓаниинот повторно не знае. Бараме да се укинат вакви долгови, порача Марјан Ненов.
Според Ненов, еден од главните виновници за проблемите со големите долгови, кои сега се обидуваат да се исправат со предлог-законот за отпис на камати на долгови, е поранешниот министер за правда Михајло Маневски. Со законски измени, од 2006 наплатата на долговите наместо да се врши во судовите, премина во рацете на нотарите и извршителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

