Општество
МОН наскоро ќе излезе со оцена за состојбата на универзитетите
Посебната комисија на Министерството за образование и наука во изминатиот период извршила контрола врз високообразовните институции во земјата, во прв ред на приватните, и наскоро министерот Абдулаќим Адеми по средбата со нивните претставници ќе ја информира јавноста со состојбата, а исто така предвидена е и ревизија на јавните универзитети, информираа во неделата од МОН
Во писмената изјава на министерството се истакнува дека веднаш по формирањето на новата Влада, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, со цел да се запознае со состојбата во високото образование, со посебен акцент во приватните образовни установи, одлучи да формира посебна комисија за скенирање на состојбите во оваа сфера.
„Овој процес обезбеди целосна слика за високото образование, особено на приватните универзитети, со цел да се изградат политики кои ќе имаат вистинска поддршка и истите да служат за унапредување на образованието во земјата и да се обезбедат услуги и поквалитетни студиски профили, во согласност со побарувачката на пазарот на труд дома и во странство“, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.
Според нив, комисијата ги дефинирала индикаторите за мерење на квалитетот на универзитетите и усвоила методологија за скенирање на работата на високообразовните институции во земјата.
По известувањето на сите приватни универзитети во земјата, во определениот рок сите универзитети одговориле на барањата на Комисијата при МОН со пополнување соодветната документација и формулари за овој процес. Од министерството посочуваат дека и сите претставници на четиринаесетте приватни високообразовни институции во Македонија ja поздравија иницијативата на МОН за подигање на квалитетот на високото образование во земјата и коректно соработувале.
По завршувањето на првата фаза (комплетирање на податоците од приватните институции во високото образование), информираат натаму од МОН, Комисијата ги посети сите засегнати институции, и во соработка со нив, веќе е комплетирана целокупната документација.
Од извршената контрола констатирани се и нерегуларности, како технички така и суштински, кои се очекува наскоро да се надминати. По завршувањето на овој процес, министерот Адеми ќе се сретне со сите претставници на приватните високообразовни институции и ќе ја информира јавноста во врска со затекнатата состојба и надминување на евидентираните неправилности.
Се додава и дека МОН изготвило и план за годишна редовна ревизија на јавните универзитети во земјата, со иста цел – унапредување на образовниот процес и надминување на евентуалните нерегуларности.
Во МОН оценуваат дека „ова е најреалистичкиот пристап за констатирање на состојбата во високото образование во земјата и создавање на реални политики, кои како такви ќе бидат во функција на високообразовните институции, но и за задоволување на потребите на пазарот на трудот“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

