Спорт
Коста подготвен за Белгија, Марсело под знак прашалник
Даглас Коста доби дозвола од лекарите да се врати на тренинзите на бразилската репрезентација, откако успеал да ја залечи повредата на мускулот.
Крилниот напаѓач на Јувентус се повреди на 22.јуни, на натпреварот против Костарика и оттогаш тренираше одв…

Даглас Коста доби дозвола од лекарите да се врати на тренинзите на бразилската репрезентација откако успеал да ја залечи повредата на мускулот.
Крилниот напаѓач на Јувентус се повреди на 22 јуни, на натпреварот со Костарика и оттогаш тренираше одвоено.
Коста од вечера им се приклучи на соиграчите кои се подготвуваат за четврт-финалениот дуел со Белгија.
Покрај Даглас Коста, проблем со повредата има и Марсело. Левиот бек на Реал се повреди на почетокот на дуелот со Србија.
За него лекарите на бразилската репрезентација сè уште не се сигурни дека ќе се рехабилитира до петок, кога е закажан мечот со Белгија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓорческа елиминирана во второто коло за АО од Зиданшек
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го мине второто квалификациско коло на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓорческа, по повеќе од два часа борба, загуби од Тамара Зиданшек со 1:2 (6:4, 2:6, 5:7).
Лина Ѓорческа добро започна, го доби првиот сет, откако направи два брејка, но доживеа пад во играта во вториот сет, кој релитивно лесно го доби Зиданшек.
Почетокот на третиот сет и припадна на Ѓорческа, го отвори со брејк, имаше предност од 3.1, но потота нејзината игра се распадна, Зиданшек се врати во мечот, а во 12-от гем го направи клучниот брејк кога ја искористи втората меч топка.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

