Скопје
Иницијатива за основање младински културен центар во општина Аеродром
Група млади луѓе кои се дел од програмата за локален младински активизам на „Младите можат“ активно работат на иницијативата за основање младински културен центар SLAP (Sounds Lika A Plan) во општина Аеродром.
Општината соопшти дека според планираното, центарот ќе биде составен од пет клуба кои ќе бидат активни во областите – драма, поезија и проза, музика, фотографија и сликање.
Со цел да се поттикнат младите директно да учествуваат во оваа иницијатива, неодамна се одржа еднодневна креативна работилница во ООУ „Александар Македонски“ на тема „Боите на мојот свет“. Учесниците на работилницата, преку интерактивни активности, имаа можност да ги зголемат своите знаења и вештини од областа што претходно ја избраа. По завршувањето на активностите, учесниците ги презентираа своите дела, кои ќе останат во Културниот центар SLAP како одбележување на почетокот на работата на новото креативно катче во Општината.
Слични работилници, организаторите најавуваат и за наредниот период, а истите ќе бидат отворени за сите млади од Град Скопје, независно во која општина живеат. Локациите на нивното одржување ќе бидат дополнително објавени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

