Македонија
(Видео) Здружение за права на жени до пратениците од мнозинството: „Ќе има немири, па избори и ќе одите во затвор“
Пратениците од владејачкото мнозинство утрово добиле писмо потпишано од Здружението за борба за еманципација и права на жени на кое била прикачена и колумна од професорот Димитар Апасиев. Авторот напишал „ќе има немири, па избори и ќе одите во затвор“.
Писмото го објави пратеничката Ивана Туфегџиќ, која вели дека не е јасно што сакал писателот да постигне. Овој допис е испратен до Собранието пред повторното гласање за договорот со Грција.
„Апсолутно немам никаков проблем со чиј било искажан став по однос на договорот со Грција меѓутоа сите, особено оние кои се интелектуалци и кои профилираат во јавниот дискурс треба да се свесни за тежината и одговорноста за зборовите кои ги искажуваат бидејќи предизвикуваат нетрпеливост и конфузија меѓу граѓаните. Здрава дебата може и мора да се води без шпекулации, наведување, манипулации, клетви во интерес на крајот на денот на оваа држава и нејзините граѓани“, пишува Туфегџиќ.
Според пратеничката, ова е непристоен притисок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото.
„Како прв потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, учествував на Самитот на Иднината во Обединетите нации, каде заедно со високата државна делегација, вклучително и претседателката Гордана Силјановска Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, ја претставувавме нашата земја во овој голем глобален настан. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото“, рече Меџити.
Меџити понатаму додаде дека на отворањето на самитот, каде што бил присутен, главниот фокус бил ставен на Пактот за иднината, амбициозен документ кој има за цел да изгради нова рамка за меѓународна соработка и одржлив развој.
„Во овој контекст, ги слушнавме инспиративните говори на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на германскиот канцелар, Олаф Шолц, кои ја истакнаа важноста на глобалната соработка за соочување со најголемите предизвици на нашето време“, додаде Првиот вицепремиер.
Пактот за иднината е сеопфатен документ кој се однесува на широк опсег на критични прашања. Вклучува поглавја за човекови права, родова еднаквост, одржлив развој, наука, технологија и иновации, како и дигиталната соработка. Меѓу другото, се истакнува важноста од ангажирање на младите и зачувување на интересите на идните генерации кои се во центарот на трансформацијата на глобалното владеење.
Покрај учеството на овој форум на високо ниво, агендата на Меџити во Њујорк вклучува и серија состаноци со американски сенатори и други политички и економски лидери. „Овие средби ќе се фокусираат на продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и САД во клучните области како зелената енергија, технологијата и одржливиот развој, како и да се разговара за перспективите на нашата земја во меѓународните процеси“, појасни Меџити.
Македонија
Малолетници нападнале врсник во автобус на ЈСП
Малолетник синоќа бил нападнат од двајца други малолетници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
„На 21 септември во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.
Македонија
Без струја утре делови од општина Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.